Синди Крафорд му упати емотивна роденденска честитка на сопругот: „Те сакам, љубов моја“

Точка

28/04/2025

09:19

484

Големина на фонт

а а а

Американскиот бизнисмен и сопруг на Синди Крафорд, Ренди Гербер, го прослави својот 63-ти роденден, а неговата сопруга по тој повод му испрати честитка преку социјалните мрежи.

Му напиша емотивна честитка

Синди објави фотографија од Ренди на својот Инстаграм профил заедно со емотивна порака.


„Среќен роденден на човекот чие внимание кон деталите го прави животот подобар за сите околу него. Без разлика дали станува збор за составување совршена плејлиста за секоја пригода или откривање на некое ново, кул нешто пред кој било друг. Она што најмногу го сакам кај него е неговата посветеност на нашето семејство и чувството за забава. Те сакам, љубов“, напиша Синди во описот на објавата.


Нејзината честитка ги разнежи срцата на многу нејзини следбеници кои исто така му испратија честитки на Гербер. Инаку Синди и Ренди ја прославија својата 26-годишнина од бракот и 29 години врска минатата година. Освен што се познати како еден од најдолготрајните славни парови, интересна е и приказната за нивната прва средба.

Нивното пријателство прераснало во љубов

Синди и Ренди се запознале на свадбата на нејзиниот тогашен агент, и како што самите рекоа, на почетокот биле само пријатели бидејќи во тоа време биле во други врски.



Синди во тоа време сè уште била во брак со Ричард Гир, додека Ренди исто така беше зафатен. Нивното пријателство прераснало во љубов во 1995 година, кога Синди официјално го заврши бракот со Гир и одлучи да ѝ даде шанса на врската со Ренди.


За првпат заедно се појавија во јавност во 1997 година на премиерата на филмот „Father’s Day“, а исто така имаат две деца – синот Присли и ќерката Каја.