Oсамнаа фотографии од Иванка Трамп во бикини: Сите гледаат само во едно

Точка

22/04/2025

09:56

7.401

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп, ќерка на претседателот Доналд Трамп, ја „крена температурата“ во црно бикини додека „јаваше“ на брановите за време на одморот во Костарика, објави „Пејџ Сикс“.

Ќерката на претседателот беше фотографирана како ужива во брановите и сурфањето, додека нејзиниот сопруг Џаред Кушнер гледаше од брегот.

Подоцна, папараците ја фатија Иванка Трамп како шета на плажа со својот сопруг. Ова не е првпат таа да одлучи активно да го помине времето на плажа.

Во текот на истата недела, таа сурфаше и со своето семејство. Ѝ се придружија две од нејзините деца, и сите тие зедоа краток час заедно со инструкторот. Кушнер не бил фотографиран во тој момент, но наводно бил присутен. Инаку, Трамп и Кушнер имаат ќерка, Арабела Роуз (13) и синови Џозеф Фредерик (10) и Теодор Џејмс (8).

Нејзината снаа и фитнес ентузијаст Карли Клос, исто така, се придружи на семејниот одмор, и покрај гласините за тензии меѓу неа и Иванка и спротивставените политички ставови. Сепак, Клос не се обиде да сурфа, туку остана на брегот и уживаше со својот сопруг Џошуа Кушнер, помладиот брат на Џаред.