Дру Голдберг посетил вкупно 73 држави откако дипломирал во САД, во 2012-та година.
Веднаш после дипломирањето, тој отпатувал во Сеул како предавач по англиски јазик, а во текот на следните 18 месеци посетил 20 држави во Азија, пишува Independent.
Но, тoj решил и да го напушти работното место, после што се упатил во нови авантури, на нови дестинации.
Голдберг своите искуства ги споделува на својот блог The Hungry Partier, Snapchat и Instagram. А ова се неговите најлоши искуства:
Филипини: Најлоша храна
- Иако ова е една од моите омилени земји, оброците таму се многу скромни. Вообичаено се состојат од варен ориз и мало парче риба. А јас сум навикнат и на малку разновидна храна...
Брунеј: Најлош ноќен живот
- Поголемиот дел од исламските земји водат строга политика кога станува збор за консумирањето на алкохол, такашто нивниот ноќен живот речиси и да не постои. А кога излегов, во петок навечер, во главниот град Бандар Сери Бегаван, улиците беа толку празни, што речиси и да немаше никој, освен мене.
Египет: Најнекултурни луѓе
- Неодамна отпатвав во Каиро и го имав најлошото искуство со речиси секоја личност со којашто се запознав таму. Египќаните се многу агресивен народ. Сведочев и на повеќе тепачки на улица.
Мјанмар: Најлош пристап до WiFi мрежа
- Апсолутно го обожувам Мјанмар, но оваа земја заостанува за околу 20 години зад своите соседи. Иако во големите градови има WiFi мрежи, интернетот е страшно бавен. Не верувам дека ова ќе се промени и во идните три до пет години, но туризмот во Мјанмар секако цвета.
Куала Лумпур: Најпреценето место
- Слушнав многу добри нешта за Куала Лумпур на патувањата во Азија, но кога пристигнав таму, сè што видов е една многу досадна верзија од Бангкок. Освен тоа, градот и не е најбезбедното место. Минувачите вербално ја вознемируваа пријателката со којашто патував.
Лондон: Најскапото место
- Лондон за прв пат во животот го посетив пред два месеци и имав многу високи очекувања. Но, да бидам искрено, освен риба и компирчиња (fish’n’chips) ништо друго не ме воодушеви. Високите цени поприлично ме одбија.