Целото внимание на светот е насочено кон Ватикан, каде точно во 10 часот започна погребот на папата Франциско.
На последното збогум присуствувале бројни лидери и високи членови на кралските семејства, а меѓу нив се нашла и принцезата Шарлин со сопругот принцот Алберт од Монако.
Последна почест на поглаварот на Римокатоличката црква оддаде и италијанската дипломатија, потоа претседателот на САД Доналд Трамп со сопругата Меланија, Џо и Џил Бајден, принцот Вилијам, Емануел и Брижит Макрон...
Меѓу првите на мисата на плоштадот Свети Петар пристигнале принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин.
Шарлин повеќе пати се состанала со папата којшто од 2013 година беше на чело на црквата. За оваа прилика таа избрала да носи едноставен и елегантен стајлинг – црн миди фустан којшто ги покрива колената, со кружна крагна и долги ракави, а носела и чевли со не многу висока потпетица.
Главата, во знак на жалост, ја покрила со вел од чипка. Некогашната јужноафриканска пливачка имала и еден дискретен аксесоар – „Прада“ чанта.
На церемонијата таа пристигнала држејќи се за рака со сопругот којшто носел класично одело со црна вратоврска и очила за сонце.