Доктор открива: Оваа утринска навика е најопасна по здравјето, особено кај жените

Точка

25/04/2025

10:38

1.739

Големина на фонт

а а а

Опојниот мирис на најпопуларниот напиток на светот и кофеинот којшто го содржи, се најдобар начин да го започнеме денот – или не?

Кафето со причина е едно од најпопуларните на светот, но треба да знаеме кога треба да го пиеме за да делува во наша корист.

Зошто пиење кафе рано наутро лошо влијае врз здравјето?

Студија бјавена во дигиталното издание на библиотеката на Американско медицинскиот национален Институт покажала дека кафето на празен желудник, особено кај жените лошо влијае на здравјето.


Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото е највисоко наутро кога се будиме, најниско навечер кога спиеме.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко ги нарушува хормоните во организмот нарушувајќи го циркадијалниот ритам. Кортизолот лошо делува врз овулацијата, хормоналниот баланс и килограмите“, објаснила нутриционистката и докторка Карлин Розенблу.

„Консумирањето кофеин кога нивото на кортизол е највисоко поттикнува зголемено лачење на кортизолот. Иако засега не е објаснето поради што се случува тоа, веруваме дека кафето влијае на одредени витамини и минерали во телото“, заклучила докторката и предупредила:

„Кортизолот, како и сите останати хормони, се потребни за функционирање на организмот, но проблемот настанува кога сме непрекинато под стрес и кога телото постојано го лачи. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција“.

Освен што го поттикнува дополнителното лачење на кортизол, кафето на празен желудник може да предизвика проблеми со цревата и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Доколку имате проблем со желудникот треба да знаете дека ладното кафе е 70 отсто помалку кисело од топлото.


Кога да го испиете првото утринско кафе?

Доколку станувате околу 7 часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете меѓу 9 и 30 часот кога нивото на кортизол е природно пониско.Секако, важно е претходно да јадете.