Адријана Лима позирала во неодолива, црна комбинација која ја истакнала сета нејзина посебност, па не е ни чудно што била ѕвезда на вечерта.
Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима, во последниве месеци изгледа како на почеток на нејзината кариера, а многумина велат дека изгледа и уште поубаво.
На црвениот тепих на прославата на компанијата „Tiffany & Co“ заблескала во долг, тесен црн фустан и со тоа покажала зошто е една од најбараните манекенки и денес.
На претставувањето на новата колекција на популарниот накит во Њујорк Адријана ги привлекла сите погледи, а и самата таа носела дискретен накит од брендот.
Фустанот ја истакнал нејзината витка фигура после три породувања, која ја постигнала со напорно вежбање и дисциплиниран начин на живот, а откако ја критикуваа дека значително го сменила изгледот со ботокс и други естетски корекции, на сите им покажала дека е навистина единствена.
Со долгиот, елегантен фустан носела црни лакирани чевли и црна лакирана чанта, а косата ѝ била собрана во пунџа, па нејзиното лице со соодветна шминка во природни тонови и нагласени очи дошло до израз.