Докторите согласни: Ова овошје помага во намалување на лошиот холестерол, регулирање на шеќерот во крвта, при висок притисок...

Точка

23/04/2025

13:00

7.560

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Дејвис, сметаат дека едно овошје е особено корисно за здравјето на човекот.

Нивното истражување од септември, објавено во магазинот „Critical Reviews in Food Science and Nutrition“, покажало дека редовното консумирање јагоди може да го подобри здравјето на срцето и крвните садови, но и на мозокот, вклучувајќи го нивото на шеќер во крвта и холестеролот.

Го намалува холестеролот и шеќерот во крвта

„Нашата анализа покажа дека редовното консумирање јагоди не само што го намалува холестеролот, туку помага и во намалување на воспаленијата кои се клучен причинител за срцеви болести“, објаснува д-р Роберт Холт за „The Healthy“, лидер во истражувањата при Универзитетот Дејвис.


Истражувачите анализирале податоци од 47 клинички испитувања и 13 опсервациски студии објавени меѓу 2000 и 2023 година.

Нивните откритија укажуваат на тоа дека јагодата помага во намалување на лошиот холестерол и триглицеридите, додека пак истовремено ги намалува воспаленијата, со што го подобрува кардиоваскуларното здравје и го намалува ризикот од срцеви болести.

Го чуваат помнењето

Јагодите можат да придонесат и во здравјето на мозокот така што го забавуваат когнитивниот пад и штитат од деменција. Нивното позитивно влијание врз мозокот главно се препишува на флавоноидите – соединенија кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес којшто настанува кога во телото се собираат штетните слободни радикали. Овие слободни радикали можат да ги оштетат клетките, протеините и ДНК, што придонесува до стареење и развој на болести како што е деменцијата.


Со намалување на оваа штета, јагодите можат да помогнат во чување на когнитивните функции и одржување на бистроста на умот со текот на стареењето.

Доколку не ви се достапни органски јагоди, тогаш темелното миење на ова овошје под млаз ладна вода или во раствор од вода и оцет може да помогне во отстранување на остатокот од пестициди.