Застрашувачки урбани легенди

Точка

01/04/2014

13:07

4.310

Големина на фонт

а а а

Овие паранормални и застрашувачки приказни се урбани легенди или случувања објавени на интернет без соодветни докази, но сеедно и понатака будат непријатни чувства и тешко е да ги извадите од главата.


Александира Алексис
Ќе биде ли возможно патувањето низ времето во 2025 година? Според урбаната легенда Александира Алексис наводно била патничка низ времето од споменатата година која ги убедувала останатите дека е дојдена од иднината. Њујорчани во 1899 година биле сведоци на нејзиното необјаснето доаѓање во градот, а на Стара нова година истата година исчезнала.

Возачот на автобус
Возачот на автобус задолжен за превоз на психички болни лица на една од својте рути одлучил да го застане автобусот и да појде по пијалок во најблискиот бар, оставајќи 20 врзани патници во автобусот. Кога се вратил назад, начекал празен автобус. Поради тоа што од него се очекувало да ги одведе до државната болница за психички болести, се одлучил на очајнички потег. Го возел автобусот до првата автобуска станица и им понудил на луѓето кои чекале да влезат внатре, по што ги однел во болницата. Возачот ги известил болничарите дека се работи за многу агресивни пациенти и дека тие мора да бидат врзани. Повеќето од несреќните луѓе полуделе во болницата, а правите пациенти никогаш не се најдени.

Проколнатиот тунел
Sensabaugh тунелот во американскиот град Тенеси на локалните жители им внесува страв во коските. Познат е како проколнато место кое во минатото било средиште на страшни збиднувања. Еден урбан мит кажува дека во тунелот биле убиени многу деца и возрасни на најгрозоморниот можен начин. Сведоци тврдат дека во тунелот можат да се слушнат гласови, брзи чекори, па дури и деца како плачат. Се раскажува, исто така, дека ако во тунелот се изгази моторот на автомобилот, не може повторно да се запали. Луѓето говорат дека на ретровизорот на автомобилот виделе како некој се приближува до нивното возило а некои дури приметиле и отисоци од детски прсти по нивниот автомобил.



Мистериозна фотографија
Самохрана мајка која се вратила по напорниот ден на работа, го оставила својот мобилен телефон на масата во дневната соба. Нејзиниот 6-годишен син посакал да си игра со него, а мајка му тоа му го дозволила. После некое време, жената одлучила да оди на спиење, но пред тоа влегла во собата на својот син кој заспал со нејзиниот телефон во раката.

Проверувајќи што правел синот на мобилниот телефон, видела неколку фотографии. Меѓу нив имало фотографија од нејзиниот успиен син на креветот, а во кадарот се гледало и лице на некоја стара жена.

Жената со шилци наместо заби
Летото 1972 година, болницата Cedar Senai примила пациентка со бел и крвав фустан. Девојката била бледа, со вкочанет лик и размачкана шминка. Нејзината појава толку ги вознемирила лекарите и медицинските сестри поради што ја врзале за креветот и имале намера да повикаат полиција.

Кога пробале да и дадат седативи почнала жестоко да се противи. Потоа се свртела со ликот кон докторот и му се насмевнала. Присутните приметиле дека таа наместо заби има шилци. “Што си ти, по ѓаволите?”, ја прашал докторот. После долга пауза, “жената” проговорила : “Јас сум Бог”.