Се верува дека постојат три најголеми гревови. Многу од луѓето веруваат дека човек се раѓа со својата карма која го следи од првиот до последниот ден од животот.
Тоа е некоја сила која апсолутно никогаш не спие и која секогаш ве набљудува. Кармата не ги памети само вашите дела туку и емоции.
Кармата гледа кога сте љубоморни на некого, кога некому му посакувате зло, кога некого го мразите поради неговата среќа – сето тоа се емоции кои имаат фреквенција и кармата ги препознава.
Ова се едни од најскапите долгови на кармата кои кружат.
1. Навреда на родителите
Во многу од списите од религиите и психологијата ќе пронајдеме причини зошто е важно да бидете добро дете на своите родители и зошто е важно да ги почитувате.
Секако, постојат и лоши родители кои не заслужуваат ништо од децата. Но, постојат и многу лоши деца кои не ги ценат и почитуваат своите родители. Кармата не сака такви односи. Да навредите добар родител е „долг“ којшто кармата кога-тогаш ќе го наплати.
2. Навреда и неверство на личноста која ве сака
Секој човек којшто ќе ја изневери искрената љубов се наоѓа на црната листа на законите на кармата. Да ја изневерите личноста која ве сака и која ви посакува само добро е понижувачка работа и тоа е нешто што кармата го наплаќа.
3. Неправедно обвинување
Кармата не сака лоши озборувања и не сака кога за човек се зборува неправедно и лажно. Додека тоа на луѓето им изгледа како забавна активности, кармата на тоа гледа со „сериозни очи“.