Со оглед на тоа што температурите надвор се се пониски и непогодни за прошетки, еден од начините за да се ужива во слободното време е гледањето на филм, во пријатна атмосфера, со добро друштво.
Добриот филм во комбинација со друштвото на пријателите или саканата личност, секогаш е одличен избор, па токму затоа, доколку немате идеја како да го поминете овој викенд, обезбедете ги најгледаните филмови за изминатата недела и приредете си вистински филмски маратон! Секако, пуканките и вкусните пијалаци се задолжително филмско мени кое што дополнително ќе ви ја разубави оваа активност.
❶ "The Hobbit: The Desolation of Smaug"
Како што можеше и да се очекува, второто продолжение од серијалот "The Hobbit", филмот насловен како "The Desolation of Smaug", втора недела по својата премиера го освојува врвот на бокс офисот. Режијата на авантурата и фантазијата ја потпишува Питер Џексон, а своите улоги ги репризираат Иан МекКелен, Мартин Фриман, Ричард Армитаџ и Кен Стут. Веднаш по својата премиера, филмот оствари вкупна заработка од 127.6 милиони долари.

❷ "Anchorman 2: The Legend Continues"
Урнебесните Вил Фарел и Стив Карел оваа недела се дел од американскиот бокс офис благодарение на комедијата "Anchorman 2: The Legend Continues". Станува збор за режисерско дело на Адам МекКеј, а покрај Карел и Фарел, своја улога во филмот остваруваат и Пол Руд и Кристина Аплгејт. Комедијата досега има вкупна заработка од 40 милиони долари.

❸ "Frozen"
На третото место од американскиот бокс офис оваа недела се наоѓа анимираната и хумористична авантура "Frozen". Филмот е дело на режисерското дуо Крис Бак и Џенифер Ли, а гласовите на ликовите во филмот им ги позајмуваат Кристен Бел, Џош Гад и Идина Мензел. Филмот досега има остварено вкупна заработка од 192 милиони долари.

❹ "American Hustle"
На четвртото место оваа недела се наоѓа новата криминалистичка драма "American Hustle", филм во кој главните улоги ги толкуваат Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер, Џенифер Лоренс и Џереми Ренер. Филмот е режисерско дело на Дејвид О.Расел, а истиот досега има заработено 20.2 милиони долари.

❺ "Saving Mr. Banks"
Филмот "Saving Mr. Banks", жанровски определен како комедија, биографија и драма, веднаш по својата премиера е дел од американскиот бокс офис и се наоѓа на петтото место. Станува збор за режисерско дело на Џон Ли Нанкук, а главните улоги ги толкуваат Ема Томпсон, Том Хенкс и Ени Роус Бакли. Вкупната заработка на филмот досега изнесува 10 милиони долари.

❻ "The Hunger Games: Catching Fire"
На големото филмско платно во киносалите и оваа недела еден од најгледаните филмови беше второто продолжение на филмот "The Hunger Games: Catching Fire". Станува збор за режисерско дело на Френсис Лоренс, а главните улоги во филмот ги толкуваат Џенифер Лоренс, Џош Хатчерсон и Лиам Хемсфорт. Во петата недела по својата премиера, филмот се искачува на шестото место во американскиот бокс офис и забележува неверојатна заработка од 371.7 милиони долари.

❼ "Tyler Perry's A Madea Christmas"
Филмот "Tyler Perry's A Madea Christmas", жанровски определен како комедија и драма, во втората недела по својата премиера се најде на седмото место од американскиот бокс офис. Станува збор за режисерско дело на Тајлер Пери, кој се појавува и како еден од главните ликови во филмот, а покрај него своја улога остваруваат и Чед Мајкл Муреј и Тика Самптер. Филмот досега има заработено 28.2 милиони долари.

❽ "Walking with Dinosaurs 3D"
На осмото место од американскиот бокс офис оваа недела се наоѓа анимираната и семејна акција "Walking with Dinosaurs 3D", филм чија што режија ја потпишува режисерското дуо Бери Кук и Нејл Најтингејл. Гласовите на животните во филмот им ги позајмуваат Карл Урбан, Чарли Роу и Енгури Рајс. Филмот има остварено вкупна заработка од 7.1 милион долари.

❾ "Dhoom: 3"
Индискиот филм "Dhoom: 3", жанровски определен како криминалистичка акција и трилер, веднаш по својата премиера е дел од американскиот бокс офис. Режијата на филмот ја потпишува Вијај Кришна Ачарја, а главните улоги ги толкуваат Амир Кан, Катрина Каиф и Абхичек Бачачан. Филмот има вкупна заработка од 3.4 милиони долари.

❿ "Thor: The Dark World"
Новиот филм "Thor: The Dark World", филм жанровски определен како акција, фантазија и авантура, и оваа недела, седма недела по својата премиера е дел од бокс офисот. Станува збор за режисерско дело на Алан Тејлор, а главните улоги ги толкуваат Крис Хемсфорт, Натали Портман и Том Хидлстоун. Филмот досега има остварено вкупна заработка од 200.8 милион долари.

Доколку сепак сакате некој од овие филмски хитови да ги погледнете на големото платно во киносалите, погледнете ја понудата на скопските кина.