Доналд Трамп повторно предизвика големо внимание во јавноста – овој пат поради навидум мал, но за многумина впечатлив детаљ на официјална фотографија од самитот на НАТО одржан во Хаг.
Имено, социјалните мрежи се преплавени со коментари од корисници кои забележале дека американскиот претседател изгледа понизок од вообичаеното на заедничката фотографија со други светските лидери. Многумина забележале дека во споредба со холандскиот крал Вилем-Александар, кој е висок околу 188 см, Трамп изгледа невообичаено низок, иако е познато дека поранешниот американски претседател е повисок, со проценети 190 см.
Самитот се одржа во вторник вечерта, а светските лидери се собраа во Хаг на состанок што германскиот канцелар Фридрих Мерц го опиша како „историски момент“. Покрај дискусијата за клучните глобални прашања, лидерите позираа со холандскиот крал и кралицата Максима пред да присуствуваат на свечената вечера.
„Тој дури лаже и за својата висина“
По објавувањето на фотографиите коментарите на корисниците на социјалните мрежи само се редеа, а многумина се запрашаа зошто Трамп не изгледа висок како на претходните настани.
„Изгледа понизок од вообичаено“, забележа еден корисник. „Не знам дали е до аголот на фотографијата, но изгледа понизок од вообичаено“, додаде друг. „Ова е навистина чудно“, „Или Трамп лаже за својата висина или се намалува“, „Луѓето губат висина како што стареат, можеби тоа е случајот со него“, „Па, тој дури и нè лаже за својата висина“, беа само дел од коментарите.
Некои корисници истакнаа дека таков впечаток може да биде резултат на различни фактори – од аголот, позицијата во кадарот, до чевлите што ги носат лидерите. Споредби беа направени и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е висок малку повеќе од 183 см, а покрај кого Трамп не изгледа значително повисок на фотографијата.