[ВИДЕО] Шпанската тинејџерска серија е новиот хит на Нетфликс: 18+ сцените предизвикаа реакции кај гледачите

Точка

24/06/2025

15:31

1.224

Големина на фонт

а а а

На „Netflix“ неодамна пристигна шпанската тинејџерска серија „Olympo“, која ги изненади гледачите со експлицитни сцени. Серијата се занимава со спортските, емотивните и животните авантури на група елитни млади спортисти кои ќе мора да тестираат колку далеку се подготвени да одат за да ги остварат своите цели.

Во „Pirineos HPC“ тренираат најдобрите спортисти во земјата, како што е Амаиа (Клара Гаје), капитенка на националниот тим во уметничко пливање – девојка полна со самодоверба која не си дозволува грешки. Но кога Нурија (Марија Романилјос), нејзината најдобра пријателка и соиграчка, првпат ја надминува, Амаиа сфаќа дека некои спортисти ги подобруваат своите перформанси на необјаснив начин.

По години на туркање на своите тела до крајни граници и жртвување на животот за спортот, јунаците се соочуваат со дилема: колку далеку се подготвени да одат?.

Во серијата играат Клара Гаје, Нира Осахија, Агустин Дела Корте, Нуно Галего и Марија Романилјос, а премиерата беше на 20 јуни. „Olympo“ е создадена и напишана од Жан Матеу, Лаиа Фогет и Ибаи Абад, косценарист е Алба Луцио, продукцијата е на Zeta Studios, а режисери се Марсал Форес, Даниел Бароне, Ибаи Абад и Ана Васкез.

Гледачите: „Малку спорт, многу секс“

Гледачите заклучиле дека во серијата всушност има многу малку спорт, но многу експлицитни сцени. Серијата има ознака дека не е наменета за помлади од 15 години. Откако беше објавена кон крајот на минатата недела, социјалните мрежи се вжештија, а гледачите се изненадени од количината на 18+ сцени.

„Ја гледам првата епизода и сите само се сексаат“, напишал извесен корисник на „X“. Друг се пожалил дека сцените со секс се „претерано интензивни“ за тинејџерска драма (иако актерската екипа претежно е во дваесеттите години). Некои, пак, очигледно ја прифатиле разузданоста.

Пребарувањето на хаштагот #OlympoNetflix на „X“ открива десетици клипови од најексплицитните сцени од серијата.

Критичарите не се воодушевени од серијата

Сепак, критичарите немаат баш позитивни мислења за серијата. Порталот „Decider“ препорачува гледачите да ја прескокнат „Olympo“,

наведувајќи дека серијата „мора да ја подобри својата приказна за да биде нешто повеќе од само сцени со совршени тела во движење – било тоа атлетско или сексуално“.

Во рецензија на „LeisureByte“ се вели дека станува збор за серија со „брзо темпо и ужасни ликови“, при што се жали дека „никој од нив не е симпатичен или рационален, што ја прави малку досадна“. Некои медиуми исто така истакнуваат дека претерано се фокусира на крупни кадри од мускулите на актерите, додека приказната е „прилично слаба“.

„Netflix“ сè уште нема потврдено втора сезона на Olympo, но првата е веќе достапна за стримување.