Не пропуштајте ја ѕвездата во подем на европската сцена – директно од Швајцарија во Скопје!

Точка

25/06/2025

12:49

187

Големина на фонт

а а а

Оваа петочна авантура (27 јуни) започнува од 12:00 часот во срцето на Градскиот парк во Скопје, каде што музиката, екологијата и инспирацијата се среќаваат под отворено небо. Фестивалот Sound of Green 2025 ве поканува на целодневен урбан пикник, каде сè што треба да понесете е пластично шише или лименка – за еко селекција, и подготвеност за незаборавно музичко доживување.

А зошто пак швајцарската изведувачка LAKNA е причина повеќе за да дојдете на фестивалот?

Затоа што таа не е само изведувач – таа е глас на современата мултикултурна Европа.


Со корени од Буркина Фасо и Женева, ЛАКНА создава музика која спојува континенти, култури и звуци. Нејзината уметност е фузија од R’n’B, afro-pop, soul и електронски елементи, надополнети со длабоки, емоционални текстови. Како ќерка на грит-музичар од Буркина Фасо и глумица од Женева, таа растела опкружена со музика и традиција, oд шестгодишна возраст пее и свири пијано, а денес нејзината музичка уметност го носи духот на африканската и европската култура спакувана во едно автентично музичко доживување.

Настапувала на најреномираните фестивали како Montreux Jazz Festival, Paleo Festival, Gurten, Les Docks, Les Créatives и многу други. Публиката во Швајцарија ја препозна како една од најперспективните ѕвезди, медиумите ја нарекуваат „ѕвезда во подем“, а песните ѝ се редовно присутни на европските радиостаници и топ листи.

На Sound of Green, LAKNA ќе настапи во 18:00 часот, носејќи со себе звучна вибрација што топи жанрови и буди емоции. Ова не е само концерт – ова е искуство што се доживува со срце и душа.


Настапот на LAKNA започнува во 18:00 часот – и е само дел од богатата музичка програма. Покрај неа, очекувајте и атрактивни изведувачи од Полска и Србија, како и нашите добро познати домашни музичари кои ќе ви приредат уникатно фестивалско патување. Подгответе се за фестивал кој не само што се слуша, туку и се чувствува – Sound of Green: таму каде што музиката го преточува еко идеалот и го менува светот!

Настанот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Франција и Универзитет Скопје. Фестивалот се реализира во партнерство со Институтот Адам Мицкевич од Варшава, со поддршка од Министерството за култура и национално наследство на Полска, како дел од интернационалната културна програма на Полското претседателство во Советот на Европската Унија 2025.