[ФОТО] Дрогата и долговите му се „удриле од глава“: Познатиот актер непрепознатлив, делува како да има 90, а не 46 години

Точка

19/06/2025

08:29

5.044

Големина на фонт

а а а

Она што повеќе загрижува во врска со овој актер е податокот што тој моментално има долгови над 17.500 фунти.

Некогашниот миленик на публиката, Пол Андерсон, актер којшто воодушевувал во улогата на Артур Шелби во популарната серија „Peaky Blinders“, денес изгледа како сенка на човекот којшто го паметиме.

Неговите најнови фотографии предизвикале сериозна загриженост кај фановите, а многумина во неверување коментираат дека изгледа дупло постаро од своите 46 години.


На фотографиите кои се појавиле во јавноста, Андерсон изгледа уморно, исцрпено и физички запоставено, што дополнително ги поттикнало гласините за неговите проблеми со дрога.

Уште на почетокот на минатата година, актерот бил уапсен во лондонскиот кварт Хампстед поради поседување кокаин, амфетамин и лекови за смирување. Во февруари ја признал вината и платил казна од 1.345 фунти, но она што повеќе загрижува е податокот што моментално актерот има долгови и тоа над 17.500 фунти.

Во меѓувреме, се подготвува долгоочекуваниот филм „Peaky Blinders“, каде Андерсон треба да заигра во својата легендарна улога.

Сепак, со оглед на неговата моментална состојба, се поставува прашањето дали актерот е подготвен да се врати на сет.

Еден извор од продукцијата изјавил дека би било тешко да се снима без неговиот лик, но дека неговата моментална психофизичка состојба би можела да претставува сериозна препрека.

Андерсон неодамна се огласил на социјалните мрежи, порачувајќи им на фановите:

„Никогаш не заборавајте, вистината никого не го интересира кога лага е позабавна. Се враќам, не грижете се за тоа“.