Најголемото изненадување од Холивуд – популарниот пар се разделува по 8 години љубов, бурни емоции, деца?

Точка

25/06/2025

08:26

3.227

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените парови на светската сцена, Кејти Пери и Орландо Блум, наводно ставиле точка на својата долгогодишна романса, пренесува „TMZ“.

По осум години врска, бурни емоции, веридба и заедничко родителство, се чини дека тие тивко се разделиле.

Според извори блиски до актерот, Орландо сега е „слободен и подготвен за ново поглавје“, а како симболичен момент на новиот почеток ја избрал спектакуларната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, каде, како што се наведува, ќе заблеска во полн сјај и тоа како гостин.


„Ќе биде подготвен за забавата и многу ќе заблеска“, изјавил изворот за „TMZ“, навестувајќи дека настапот на Блум ќе биде впечатлив баш поради свежите шпекулации за раскинувањето.

Уште поинтересно, наводно планира да се поврзе со Леонардо ди Каприо и да му се придружи на луксузните забави ширум Венеција.

Отсуството на неговата вереница на венчавката дополнително ги подгреало гласините: Кејти моментално е на турнејата „143“ ширум светот, но фановите се сомневаат дека турнејата не е единствената причина што таа нема да се појави на венчавката на годината.

Како можна причина за заладување на односите се наведува и нејзиното патување во вселената на кое присуствуваше благодарение на пријателството со Безос и Лорен.


„На Орландо тоа му изгледаше смешно“, изјавил изворот, па додал:

„Кејти очекувала поддршка, а наместо тоа се почувствувала повредено“.

Да ве потсетиме, парот веќе имаше една пауза во текот на 2017 година кога „си зеде време за себе“, а една година подоцна се смирија на Денот на вљубените, кога следела и веридбата.