Јасно е дека за актерот Бен Афлек само една жена била вистинска, а тоа не била Џенифер Лопез.
Холивудскиот актер Бен Афлек конечно ја отвори душата и го призна она што многумина со години го претпоставувале – најголемото каење во неговиот живот е разводот од Џенифер Гарнер, а не крајот на бурната романса со Џенифер Лопез.
Афлек и Гарнер се запознале на снимањето на филмот „Pearl Harbor“, но се заљубиле во 2003 година. Во брак стапиле во 2005 година и во текот на заедничкиот живот добиле три деца.
Иако важеле за еден од најстабилните парови во Холивуд, бракот формално завршил во 2018 година.
Алкохол и внатрешни борби
Во искрено интервју, Бен признал дека алкохолот имал клучна улога во распаѓањето на бракот.
„Пиев нормално низ годините, но кога бракот почна да се распаѓа, почнав да пијам многу. И секако, тоа само ја влоши ситуацијата“, изјавил актерот.
Тој додал и дека и натаму има грижа на совест, но се обидува да не падне во замката на самосожалување.
„Направив грешки. Направив работи поради кои се каам. Но, мора да станеш, да научиш нешто од тоа и да продолжиш понатаму“.
А, што е со Џенифер Лопез?
Пред Џенифер Гарнер, Бен бил во врска со Џенифер Лопез. Нивната врска ги одбележала раните 2000-ти и за малку ќе завршела со брак во 2003 година. Меѓутоа, поради огромниот притисок од медиумите сето тоа не се случило.
Сепак, романсата доби продолжение во 2021 година кога повторно беа заедно, но ниту овој обид немаше среќен крај. Врската заврши во 2024 година, по три години контроверзи.
И, додека цел свет го следеше секој нивен чекор, Бен денес не спомнува ни збор за Лопез. Наместо тоа, тој јасно става до знаење дека вистинска болка и жал останала поради крајот со Гарнер.