Без оглед на тоа дали сте љубител на цвеќињата или не, разгледувањето на овој парк сигурно ќе ве расположи и ќе направи за миг да заборавите на тмурните студени зимски денови, маглата и заспаната природа, односно ќе уживате во шаренилото на бои и радосната атмосфера која ја претставуваат прекрасните цветни површини.
Имено, станува збор за Кекенхоф, познат и како Дворот на Европа и истиот е најголемиот цветен парк во светот, а воедно се смета и за еден од најубавите пролетни градини. На површина од повеќе од 32 хектари, во Кекенхоф секоја година се садат околу 7 милиони цветови!

Најдоброто време за посета на овој прекрасен парк се месеците април или мај, кога цвеќињата се во полн цвет и кога неколку дворови и четири павилјони ги покажуваат своите фантастични колекции од зумбули, нарциси, орхидеи, ружи, каранфили, љубичици, лалиња и многу други видови на цвеќиња. Во текот на тие месеци, спектарот на бои и мириси во паркот се едноставно магични.
Кекенхоф бил извор на билки за Жаклин, грофицата од Хајнат дворецот, кога било и одредено името на оваа градина, а по нејзината смрт, богатите трговци го презеле имотот и оттогаш, паркот променил повеќе сопственици.

Градината, каква што можеме денес да ја видиме, била основана во 1949 година од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе. Идејата била да се претстави изложба од цвеќиња, каде што одгледувачите од цела Холандија и Европа можеле да ги покажат своите хибридни дела и да и помогнат на холандската индустрија, ако се знае фактот дека оваа земја е и најголем извозник на цвеќиња во светот.
Иако многумина од посетителите во Кекенхоф очекуваат да погледнат дел од светски познатите огромни полиња со лалиња, тоа сепак нема да го пронајдат во оваа градина. Дворот на Европа е дизајниран на начин да прикаже повеќе видови на цвеќиња, односно ниту еден вид на цвеќе да не се истакнува најмногу.

Доколку некој сака да ги погледне полињата со лалиња, тој може да ги посети околните приватни имоти, иако посетите не се вклучени во картата која што мора да се купи при влезот во Кекенхоф.