Други називи: ак, церевиз, питом целер, селен, селин. Латинско име: Apium graveolens. Англиски: celery.
Целерот е двегодишна зелеста билка со меснат и вретенаст корен кој понекогаш може да биде и сплескан. Стебленцето му е разгрането, а достигнува висина од 40 до 80 сантиметри.
Темнозелените и сјајни листови се големи и перјасто разделени, додека ливчињата имаат клинест облик. Горе се врежани и назабени.

Топчестиот плод е ребраст. Некогаш се верувало дека целерот ја подобрува урината. Сега се знае дека успешно ја стимулира размената на материи. Богат е со лимонен, етерични и масни масла. Во коренот има етерично масло, шеќер, апин, аспарагин, тирозин, колин, алосорбусен, пентосан и масти.
Слаткастиот задебелен корен на целерот најчесто се користи за подготвување на салати, варива или како зачин за супи и чорби. Ливчињата кои имаат силен ароматичен вкус исто така служат како зачин. Билката го задржува специфичниот мирис и после сушењето.

Дивиот целер поради силниот и незгоден мирис малку се користи.
Ова растение расте како дива и како култивирана билка која се одгледува во градините. Како див, целерот расте на крајбрежните подрачја речиси низ цела Европа, а се наоѓа и на другите континенти. Познато е дека дивиот целер има отровни супстанци, и затоа не го употребуваме во лечењето. За градинарскиот целер се знае дека е многу значајна лековита билка.

Лековит дел на билката е коренот на градинарскиот целер.
Лековито дејство: За лечење на астма, воспаление на белите дробови, болест на нервите, уринарниот тракт, бубрезите, против гихт, ревма, за подобрување на апетитот, отстранување на пречки при дигестијата, претерано дебелеење, слабости на желудникот и сите болести кои се појавуваат поради недостаток на основни материи потребни на организмот. Исто така, целерот ја подобрува крвта и нејзината циркулација.

Помеѓу билките за зачинување, целерот зазема посебно место. Низ историјата и митологијата, на целерот му се придодавале различни значења, а верувањето дека целерот ја стимулира сексуалната моќ, останало и до денешно време.
Поради богатството на различни корисни состојки, целерот има исклучителни лековити својства. Со морковот, лукот и магдоносот, заедно сите тие претставуваат главен адут во сите кујни. Се користи свеж за припрема на супи и јадења, семето се користи како зачин, додека неговите лисја често служат за декорирање на разни кулинарски специјалитети. Може да се најде во текот на целата година, но најдобар е во есен.

Сировиот целер помага кај оние со кожни заболувања. Се препорачува и кај оние лица кои имаат камен во бубрег или во мочната ќеса затоа штоа е добар дијаретик. За да се постигне посакуваниот ефект, треба ситно да се исецка еднаква количина на целер и јаболки, добро да се измешаат и да се конзумираат неколку пати во денот. Во оваа смеса може да се додадат и изрендани ореви и шеќер по желба.

Чај од целер против ревма: во 3 литри вода се приготвуваат 40 грама лист од целер неколку минути. Треба да се поклопи и да стои додека не се излади. Се цеди и се пие млако неколку пати дневно, а во траење од неколку недели.
Со целерот против бубрежни болести: против бубрежните тегоби треба да се пие сок од свежи листови од целер, сам или пак со мед како алкохолатура – 30 капки дневно.