Сара Мишел Гелар за некого е Бафи, убиецот на вампири, за некој Хелен Шиверс од „I Know What You Did Last Summer“, но во секој случај била сензација пред повеќе од две и пол децении.
Сега се вратила на црвениот тепих и за секунда со помош на еден посебен фустан, станала модна вест на годината.
„I Know What You Did Last Summer“, хоророт којшто го одбележа крајот на 90-тите добил уште покрваво продолжение и ќе стигне во кината ширум светот, а во Лос Анџелес веќе била одржана свечената премиера.
На неа присуствувале ѕвездите на ова остварување кои ги гледавме и во првиот дел од филмот, на чело со Сара Мишел Гелар и Фреди Принц Џуниор, брачниот пар којшто се запознал и засакал во текот на снимањето на најуспешниот хорор од 90-тите, како и актерката Џенифер Лав Хјуит.
Сара, чија кариера ја одбележал токму овој филм, со нетрпение ја чекала премиерата, а на неа се појавила и направила вистински „бум“.
За оваа прилика актерката, позната како голема вљубеничка во модата, избрала да носи ефектен мини-фустан со потпис на модната куќа „Oscar de la Renta“. Станува збор за модел којшто го одзема здивот како со дизајнот така и со цената, чини 11.550 долари (околу 10.000 евра).
Станува збор за коктел фустан украсен со тридимензионални пеперутки кои даваат динамика во нејзиниот стил, а особен впечаток остава контрастната црна и бела боја, со доминантни темносини нијанси и црвени линии околу крилјата на пеперутките.
Шик моделот бил дел од колекцијата на брендот за 2025 година, прикажан на модната недела во Париз.
Сара го искомбинирала на целосно неочекуван начин и така направила својот стил да биде уште повпечатлив, со портокалови салонки на висока потпетица и едноставна чанта.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?