Голема норвешка студија потврди дека Хипокрит бил во право: „Ова е најдобриот лек за човекот“

Точка

17/07/2025

10:19

2.426

Големина на фонт

а а а

Секојдневното одење може да спречи хронична болка во грбот, потврдува новата норвешка студија.

Големата норвешка студија открила дека секојдневното одење, без оглед на брзината, може значително да го намали ризикот од развој на хронична болка во долниот дел од грбот, состојба од која се погодени милиони луѓе ширум светот.

Истражувањето, кое го водела научничката Рајан Хадад од норвешкиот Универзитет за наука и технологија, истакнува дека одењето е најдобро за здравјето на човекот.


Резултатите на тоа истражување биле објавени во магазинот „JAMA Network Open“, а анализирале податоци од 11.004 возрасни лица од Норвешка.

Учесниците во текот на една недела носеле акцелерометар на десниот бут и долниот дел од грбот за да се следи колку и со која брзина одат.

Хроничната болка во грбот дефинирана е како болка во долниот дел од грбот која трае подолго од три месеци.

Во текот на едногодишното следење научниците утврдиле дека лицата кои дневно оделе меѓу 78 и 100 минути имале 13 отсто помал ризик од развој на хронична болка во грбот во однос на оние кои оделе помалку од 78 минути.

Оние кои оделе повеќе од 100 минути дневно имале 23 отсто помал ризик. Иако поголем интензитет на одот исто така имал одредена корист, сепак тие имале помалку изразена корист од оние кои подолго време оделе.

Потврда на древната мудрост

„Нашите податоци упатуваат на тоа дека дневниот волумен на одењето е поважен од просечниот интензитет на одење во намалување на ризикот од хронична болка во долниот дел од грбот. Овие податоци упатуваат на тоа дека политиката и стратегијата на јавното здравје која потекнува од одењето може да помогне во намалување на појава на хронична болка во долниот дел од грбот“, напишале авторите на студијата.


Современиот начин на живот сериозно го загрозува здравјето на човекот, а истражувањата поврзани со одењето докажуваат дека тоа е добро и за здравјето на срцето, помал ризик од канцер, подобра когниција и подолг животен век.

Пред повеќе од две илјади години Хипокрит рекол дека „одењето е најдобриот лек за човекот“. Денешната наука се чини дека само ги потврдува тие древни мудрости, особено кога станува збор за болката во грбот.