Растот на цената на храната и се’ поголемиот број на жители на планетата ќе не’ натера да размислуваме што ќе јадеме, тврдат футуролозите кои се занимаваат со исхрана.
Инсекти, алги, вештачко месо и звучно збогатена храна претставуваат дел од решенијата, кои според нивно мислење, наскоро би можеле да се најдат во нашите чинии.
Големо влијание на промената на навиките во исхраната во иднина, како што се очекува, ќе има пред се’ цената на месото. Според проценките на прехранбената индустрија, производството на месо во текот на наредните пет до седум години може да се намали, што значи дека овој производ од животниско потекло повторно ќе стане луксузна намирница, која нема да се конзумира секојдневно.
Во западните земји многумина пораснале со исхрана која подразбира изобилство на евтино месо, а неговото отсуство од трпезата ќе мора со нешто да се пополни.
Како логичен избор и добар извор на протеини сами по себе се наметнуваат инсектите, кои во други делови од светот се навистина застапени, а нивното одгледување е поевтино, троши помалку вода и произведува помалку јаглерод диоксид.
Во многу земји од светот инсектите важат за вистинско шекерно задоволство, во Африка, на пример, популарни се глистите и скакулците, во Јапонија деликатес се осите, додека на Тајланд на цена се црвите. Меѓу европските земји во фарми на инсектите во моментот најмногу инвестира Холандија, и тоа околу еден милион евра и планира што побрзо да ги вклучи во стандардната исхрана на населението.
Тоа, меѓутоа, тоа не значи дека во вашата чинија ќе имате некои работи кои не би сакале да ги видите. Деловите од инсектите кои ќе може да се јадат, најверојатно ќе може да се преработат со мелење, за да може од нив да се прават колбаси, хамбургери и други производи кои се сосема исти како оние кои се од воообичаено месо.
За оние пак кои не може да си го замислат оброкот без шницли, тука ќе биде и таканареченото “месо од епрувета“. Парчињата ткиво од мускулот произведен од матични клетки на домашна стока веќе се одгледуваат во многу лаборатории и се очекува дека до крајот на оваа година ќе биде лансиран и првиот пробен производ од ова месо со човечка исхрана.
Основниот сиџир на исхрана претставува храната од растително потекло, а со намалување на расположливите количини на обработлива земја и слатка вода и се’ поголемо значење ќе имаат алгите.
Големи фарми со алги наменети за исхрана на луѓе и животни веќе постојат во Јапонија, а за нивното одгледување сериозно размислуваат и сите други земји кои имаат излез на море, бидејќи таквите фирми би можеле да се отворат без поголеми вложувања.
Покрај тоа што се хранливи и вкусни, алгите се многу здрави, го намалуваат крвниот притисок и ги чуваат крвните садови, а може да послужат и како замена за сол и некои зачини во прехранбенат индустрија.
Најневообичаена новина во исхраната претставува звучно збогатена храна. Неодамна спроведената студија на Универзитетот Оксфорд покажала дека некои звуци прават нашата храна да делува послатка, додека експериментите спроведени во рестораните кои служат морски плодови покажуваат дека храната послужена со звуци од морето на посетителите им делува посвежо, баш како и грицките чии ќесички шушкаат на специфичен начин.
Овој вид на експерименти се на самиот почеток, но отвора прилично широка можност, на пример вишокот на шекери во храната да може да се замени со звуци кои ќе ни делуваат послатко или на амбалажите на производите да се отпечатува листа на мелодии од чие слушање би имале најдобар вкус.