Брачна советничка открила кои аспекти се пресудни за долготрајна и успешна врска, односно за среќен брак.
Психологот и брачен советник Ренди Гантер веќе повеќе од четири децении им помага на луѓето во создавањето, исцелувањето или прекинувањето на романтичните врски. Со текот на времето забележала кои мисли и постапки имаат најголемо позитивно влијание врз односите.
„Многу совети се познати и добро истражени, но постојат два кои ретко се спомнуваат, а уште поважни се за успехот на долгорочните врски“, вели таа.
1. Партнерите се херои еден на друг
Карактерот навистина има клучна улога во врската. „Паровите кои меѓусебно се почитуваат и се восхитуваат, без оглед на мааните, се сметаат сигурна поддршка еден на друг. Тие се горди на животниот пат на својот партнер и на начинот на којшто тој се носи со предизвиците“, објаснува советничката.
Таквите партнери автоматски се тука кога на едната личност ѝ треба помош.
„Тие се „карпа“ на која може да се потпрете, знаат што да направат во тешките моменти и ги одржуваат ветувањата. Ваквата поддршка дава чувство на сигурност, смиреност, а тоа е незаменливо во една здрава врска“, додала таа.
2. Партнерите се еден на друг „таа личност“
Луѓето кои остануваат заљубени и ја будат својата љубов често кон партнерот, се тие вистинските еден за друг. Таа личност на која прво ќе ѝ се обратите во тешките ситуации затоа што верувате дека ќе добиете искрен и безусловен одговор, таа е личноста која ви треба.
„Таков однос се базира на доверба и длабока поврзаност“, тврди советничката.
Оваа личност не осудува и не реагира бурно, туку слуша и дава смиреност и разбирање.
„Тоа е некој на којшто може да му се обратите кога сте збунети, исплашени или осамени, некој којшто секогаш е тука, без преправање или скриени намери. Таквата поврзаност го јакне чувството на заедништво и сигурност“, заклучува Гантер.