БХ. авантурист и травел блогер Роберт Дацешин неодамна најави серијал на свои авантури во Западна Африка, а сега го сподели своето искуство од возење со најголемиот, најтешкиот и најопасниот воз во светот – во Мавританија.
Дацешин споделил снимки кои ги прикажуваат деталите од неговото патување со воз кој секојдневно пренесува околу 22.000 тони железо во повеќе од 200 вагони, почнувајќи од градот Зуарет, па сè до пристаништето Нуадибу. Рутата е долга 704 километри, а патувањето трае речиси 20 часа.
Инаку, железната руда сочинува околу 30 проценти од извозот на Мавританија, а интересно е што компанијата која управува со рудникот и железницата – SNIM (Société Nationale Industrielle et Minière) – годишно транспортира повеќе од 16 милиони тони руда, односно околу 45.000 тони дневно, што ја прави оваа железница една од најважните индустриски капацитети во Западна Африка, објаснува Дацешин.
„Иако од своето основање во 1963 година оваа рута никогаш не била планирана за превоз на патници, со текот на времето стана еден од симболите на животот во овој дел на Сахарата. Имено, дел од населението денес го користи возот за превоз на добиток и други работи, и за разлика од нас – патниците кои доаѓаме тука и го доживуваме ова како авантуристичко искуство – за локалното население ова е начин на преживување“, наведува во објавата.
Студените ноќи на возот, кога температурите понекогаш паѓаат и под нулата и кога во текот на сонот постои можност да се превртите и паднете од него (особено при кочење), се нормална појава за локалците.
„Ако треба да го сумирам моето искуство, би рекол дека ова е една од најневеројатните работи што може да ги направите како патник“, вели Дацешин и објаснува зошто: „Од едноставна причина – затоа што е потполно автентично, како малку што денес постои. Се наоѓате во средина на Сахара, околу вас нема апсолутно никого и ништо со часови, и се возите на воз кој пренесува железна руда, а на крајот таа влегува во секој дел од вашето тело. Искрено, не знам што друго денес може да се направи во некоја земја, што може да се спореди со ова“.
Posted by Robert Dacešin on Thursday 5 June 2025
Тој додава дека, на крајот, сепак го изненадило тоа што не било екстремно тешко да се помине сето тоа, иако читајќи се ова или гледајќи ги сликите изгледа многу опасно. Дацешин потенцира дека всушност опасноста е многу мала.
Исто така најави дека, со желба и други да го искусат ова, ќе организира патување што ќе го вклучи овој воз.