Доколку немате готов ручек, а ни многу време, овој рецепт ќе ве воодушеви.
За време на големите летни горештини, вкусните јадења со зеленчук, кои брзо се подготвуваат се најдобриот избор.
Во продолжение рецепт за ручек кој се приготвува за кратко време, а толку е вкусен што никогаш нема да ви здодее.
Состојки:
6 пилешки батаци без коски
200 г пченка
200 г грашок
3 компири
3 моркови
2 пиперки
главица кромид
1 праз
малку лук во прав
50 мл масло
зачини
200 г ориз
250 г кашкавал
Подготовка:
Ставете го посоленото месо во огноотпорен сад, потоа преку него наредете го зеленчукот, измиениот ориз и прелијте го со 3 чаши пилешки бујон и масло. Ако немате коцка за супа, можете да измешате малку сув зачин во вода и со тоа да прелиете.
Потоа ставете ги месото и зеленчукот во рерна половина час, па потоа извадете го месото на површината за убаво да порумени. Вратете го во рерна уште 15 минути и печете на 220 степени.
Доколку е потребно, додадете уште малку течност. По 15 минути, извадете го, проверете дали месото е печено и доколку е печено додадете го ренданиот кашкавал.
Исклучете ја рерната и вратете го во рерна само колку да се стопи сирењето.