Додека поголем дел од кралските дами бираат класични кроеви и традиционална мода, кралицата Ранија од Јордан уште еднаш покажала дека не игра според правилата.
Кралицата Ранија со години се смета за една од најдобро облечените жени. Иако ја носи таа титула таа повремено знае да се „заигра“ со објавите на Инстаграм и на тој начин да ни даде прилика да ѕирнеме во нејзиниот живот.
Овојпат сите ги изненадила кога на Инстаграм споделила фотографија со најмладиот син Хашем по повод Курбан бајрам, но вниманието не го украла само семејната топлина туку и нејзиниот необичен стајлинг.
Марамата станала моден хит
За оваа семејна прилика, кралицата избрала да носи необична комбинација – свилена марама од брендот „Алемаис“ која вешто ја претворила во топ со рамен изрез.
Марамата ја краси принт од британско-австралиската уметница Аноук, позната по бајковитите и надреални мотиви, нешто што совршено се вклопува во едноставниот моден вкус на Ранија.
Топот го искомбинирала со сина кошула, инспирирана од машки крој и удобно, плетено здолниште.
Мода со порака
Ранија не само што ги следи модните трендови, таа ги поставува. И кога слави празник и кога одмара од јавните обврски, таа останува доследна на својата софистицираност, но и свежина во стилот.
Нејзината комбинација овојпат не носи само модна вредност, туку и порака – елеганцијата доаѓа од самодовербата и креативноста.