Бремер со бурно интервју распали по своите: Не можам да носам на грб играчи без карактер!

Дерби

19/10/2026

11:20

196

Големина на фонт

а а а

Јувентус во ново очајно издание се посрамоти на домашен терен и претрпе тежок пораз во дерби дуелот со Лацио, а тоа направи да слушнеме една жестока изјава од најконстантните и најискусните во стартниот тим на Лучијано Спалети.

Глејсон Бремер не се штедеше по тешкиот пораз од 0:3, па во својата анализа за мечот јасно го впери прстот кон дел од соиграчите, иако не именуваше ниту еден од нив.

Бремер смета дека овој Јувентус не може да се споредува со оној од пред неколку години кој важеше за најдобар во Серија А, пред се поради фактот што во овој тим нема шампиони и играчи со потребен победнички карактер.

– Имавме лош настап како целина, па природно е што не сме задоволни после ваков натпревар. Не сакаме да го претставивме дресот на Јувентус на ваков начин. Мораме да ги анализираме грешките и веднаш да се вратиме на вистинскиот пат, бидејќи нема време за ништо друго.

– Имавме шанси и игравме добро сè до нивниот гол, па фактот што постигнаа погодок од првата можност создаде вистинска фрустрација кај нас. Тоа е нешто што мораме веднаш да го решиме, не смееме да паѓаме после примен гол. Точно е дека тренерот дава насоки, дава инструкции како да играме, но ние играчите сме тие што го спроведуваме тоа на теренот.

– На теренот има 11 играчи, плус петмина што влегуваат од клупата, така што не можам јас сам да ги носам сите на грб. Се обидувам да помогнам, разговарам со нив, но секој играч има свој карактер. Можеме да ги поттикнеме до одредена граница, но тоа е сè што можеме да направиме за друг. Едоставно, некои играчи имаат посилен карактер од другите.

– Ако слушнат свирежи од трибините, почнуваат да се кријат и чувствуваат страв. Знам дека имаме многу нови и млади играчи, па ако се спореди овој Јувентус со оној од пред неколку години, ситуацијата е целосно поинаква. Кога работите одат лошо, некои реагираат со одлучност, додека други се повлекуваат и се кријат. Едноставно таков им е карактерот, – бурно изјави Бремер.