[ВИДЕО] Легендарниот Чутура за денешната кошарка: Би ги ишишал сите играчи со кики и Мики Маус фризури

Дерби

18/10/2026

13:40

1.094

Големина на фонт

а а а

Зоран Чутура го изгради својот легендарен кошаркарски статус преку успесите со Цибона, но и југословенската репрезентација, а неговите искрени и несекојдневни коментари често го привлекуваат вниманието на фановите на овој спорт во регионот.

64-годишниот Чутура зад себе има две европски титули и многу медали со националниот тим на поранешна Југославија, а во најновото интервју за српски „Спортал“, кажал што мисли за денешната кошарка и нејзините актуелни ѕвезди.

Хрватот смета дека кошарката се претворила во циркус, во кој таканаречените ѕвезди се истакнуваат со чудни фризури и кики на главата, а истовремено се жалат дека тренерите им го повишувале тонот во комуникацијата.

– Прво би им ја ишишал косата на сите кошаркари. Би ја укинал можноста за носење пунџи и кикици до задникот и оние фризури како Мики Маус. Ало, одете во циркус, во п.м… Јас не би го гледал тоа, наречете ме ригиден, старомоден, како сакате, но тоа страшно ме нервира, – вели Чутура.

Екс-ју легендата има забелешка и за хиперпродукцијата, која според него има негативно влијание врз квалитетот на играта.

– Хиперпродукцијата дефинитивно влијае за луѓето да се заситат од кошарката. Сите ги имаме тие спортски пакети, каде што во еден ден можете да гледате седум натпревари. Па не можете да гледате толку натпревари, тоа е како да удирате со глава во ѕид пет часа, резултатот е ист.

– Се сеќавам на тие времиња кога натпревар од одредено коло од југословенската лига се играше во сабота попладне во пет часот. Секој натпревар се емитуваше од различен град, а јас гледав во куќата на баба ми чиј телевизиски екран беше покриен со некаков вид хеклано миленце, па дел од сликата беше покриен. Што се однесува до таа достапност, можеби тие времиња беа подобри од овие времиња на хиперпродукција, – потенцирал Чутура.