Мурињо одговори на жестоките протести од Севилја: Нека ми дадат еден доказ и ќе кажам дека биле во право!

Дерби

19/10/2026

11:40

142

Големина на фонт

а а а

Дерби пресметката меѓу Реал Мадрид и Севилја понуди три спектакуларни голови и на крајот видовме убедлива победа на Реал Мадрид, но по натпреварот, сите зборуваат за еден спорен момент од првото полувреме кога на семафорот се уште стоеше 0:0.

Арда Ѓулер со едно сомнително движење со раката ризикуваше директен црвен картон и неговиот потег беше предмет на истрага, па иако луѓето од ВАР се обидуваа да добијат вистински кадар за најреално да се оцени ситуацијата, на крајот не успеаја во тоа.

И покрај повеќе од 30 камери на стадионот, луѓето од ВАР не успеаја да пронајдат агол или слика кој точно ќе покажа дека Арда го удрил Пеке со лакт во глава, па на крајот Турчинот остана на теренот и беше еден од клучните за убедливата победа.

Ваквиот расплет ги натера луѓето од Севилја да „грмат“ со жестоки изјави во јавноста, а Жозе Мурињо како тренер на Реал не го разбира таквиот тренд на гостите од Андалузија.

– Не дека сакам да го избегнам прашањето, но не сакам да ги коментирам забелешките на Луис Гарсија Плаза (тренерот на Севилја). Никој не успеа да ми докаже дека се случило тоа што наводно се случило. Не добив ниту една снимка, ниту една слика која го докажува тоа што го велат од противничкиот табор. Прашав кај телевизиските куќи, кај аналитичарите и не успеав да добијам снимка која покажува удар.

– Ако до сабота успеете да ми обезбедите снимка или слика која ќе покаже јасна и објективна перспектива од тоа што го велат, тогаш ќе го променам мислењето. Засега нема ништо кое го потврдува тоа за кое тие се жалат, – изјави Мурињо.

Спорниот дуел погледнете го ТУКА.