Артета за својата непопуларна одлука: Потребен ни беше поинаков профил на играч

Дерби

19/10/2026

11:39

127

Големина на фонт

а а а

Арсенал со доста мака дојде до трите бода на „Сити Граунд“ и победи на натпревар на кој испрати само еден директен шут кон голот, а тоа беше оној на Нони Мадуеке кој со доста среќа заврши зад мрежата на Селс.

Крилниот напаѓач се покажа како „џокер“ за Микел Артета во еден исклучително тврд и на моменти здодевен натпревар, по кој во англиската јавност доста се говореше и за непопуларниот потег кој го повлече гостинскиот менаџер на полувреме.

Артета го извади Еберечи Езе од игра за време на паузата и јасно стави до знаење дека е незадоволен од првиот дел, па откако Јан Рајт нагласи дека може да го уништи играчот со вакви потези, Микел даде и свое објаснување за одлуката.

- Начинот на кој се бранеа – со две линии на страничните позиции и двајца играчи од средниот ред, им овозможуваше да креираат игра без притоа да претставуваат вистинска закана зад нашата одбрана. Тие едноставно го принудија Муњоз да игра поинаков тип на фудбал и се чувствуваа многу комотно на тој дел од теренот.

- Сепак, ние имаме различни профили на играчи, играчи со различни квалитети кои се прилагодуваат на она што го бара натпреварот. Езе пред неколку дена против Лил постигна гол, а можеше и три и сите бевме среќни. Таков е фудбалот, еден ден се е одлично, но има и вакви денови, – изјави Артета, алудирајќи на разочарувачките реакции на Езе кој изгледаше потопено на клупата за резерви.

- Понекогаш ви е потребен поинаков профил на играч за даден натпревар, тешко е кога противникот се брани со 10 играчи во шеснаесетникот и мора да барате нешто нови. Потребни ви се свежи сили, потребно е да испробате нешто ново, а ние го направиме токму тоа и резултатот покажува дека сум бил во право, – изјави Артета.