Франческо Тоти вметна интересни детали од својата фудбалска кариера во својата автобиографија, а еден детаљ откриен од медиумите го привлече вниманието на медиумите и фановите.
Легендарниот капитен на Рома зборува за периодот на ковид пандемијата, во кој најпрвин останал без својот татко Енцо, а потоа и самиот бил тешко погоден од коронавирусот.
– Татко ми беше мојот број еден, а за жал, стана и уште еден број во билансот на смртни случаи. Никогаш во животот не сум украл нешто, сметам дека сè што имам сум го заработил самиот, но тогаш бев загрижен. Луѓето страдаа, се гушеа, умираа, сите таканаречени експерти даваа свои мислења, но вистината е дека никој ништо не разбираше.
– Еден пријател и јас бевме позитивни, по што ми се појавија и симптоми како кашлица, недостиг на здив, болки. Не можев да станам од кревет. Лекови, инјекции, разни препарати, ништо не помагаше. Бев навистина тешко болен. На почетокот пристапив кон ситуацијата присебно, но потоа ме фати ужасен страв. Имав огромен страв дека ќе умрам како татко ми. Потоа дојде до психички слом и им кажав на своите деца: „Не знам дали ќе преживеам.“ Тие се смееја, мислеа дека е шега, една од моите шеги, но не, зборував сосема сериозно. Верувајте ми, психички веќе се откажував, – открива Тоти кој имал потежок вид на пневмонија.
– Сакаа да ме хоспитализираат, но јас не сакав да завршам како татко ми. Ако веќе треба да умрам, сакам тоа да биде во мојот дом, а не затворен во болница, без повторно да ги видам своите деца. Навечер испуштав звуци како животно, чувствував дека останувам без здив, без сила, – открива Тоти, кој подоцна добил повик од Силвио Берлускони, кој го поврзал со врвен лекар.
Професерот Паоло Ѕангрилјо му дал корисни совети на Тоти и му порачал дека ако нема ефект за неколку дена, ќе мора да оди во болница, но за среќа фудбалската легенда избегнала такво сценарио.











