[ВИДЕО] Давидович Фокина стигна до прва Мастерс титула во Шангај

Дерби

18/10/2026

16:51

1.174

Големина на фонт

а а а

Алехандро Давидович Фокина е победник на годинешниот тениски Мастерс во Шангај, во чие финале денеска успеа да го совлада сонародникот Рафаел Ходар.

Помладиот тенисер во ова финале имаше одличен старт и го доби првиот сет со 6:1, но тоа го подразбуди Давидович Фокина, кој најпрвин израмни преку тај-брејк, а потоа беше подобар противник во третиот решавачки сет.

Давидович Фокина ги доби сетовите со 7:6 и 6:4 и на тој начин стигна до најголемиот успех во кариерата, односно првата титула на турнир од Мастерс 1000 серијата.

Ходар ќе чека друга шанса за да дојде до првиот ваков трофеј во кариерата, а со денешниот пораз нема да може да напредува дополнително и во трката за настап на завршниот турнир во Торино.

Давидович Фокина го заслужи овој успех откако на патот до финалето елиминираше играчи како Тиафо, Хуркач и светскиот рекет број еден, Александер Зверев.