Спалети за лекцијата од Лацио: Тактиката станува неважна после вакво издание

Дерби

19/10/2026

10:49

244

Големина на фонт

а а а

Лучијано Спалети ја одработуваше својата суспензија поради црвениот картон кој го заработи против Калјари и не можеше да го води својот тим на дербито против Лацио, а како човек кој го гледаше натпреварот од трибините, самиот призна дека останал изненаден од она што го следел на теренот.

Јувентус беше потопоен на домашен терен и покрај ветувачкиот старт и поништениот гол на Коло Муани, а конечните 0:3 се ново големо разочарување на фановите кои веќе некоја сезона не можат да дочекаат момент на стабилизација на тимот.

Искусниот Спалети се чинеше како добро решение во вториот дел од минатата сезона, но сепак ниту тој не успева да донесе добри резултати во континуитет, нешто што посебно ги фрустрира навивачите од Торино.

– Бевме инфериорни во однос на Лацио во секој поглед, едноставно не видов тим кој сака да ја контролира играта, ниту пак тим кој имаше јасни идеи во која насока сака да го води мечот. Тешко е да се објасни вакво издание. Во петокот се вративме од Виго во 4 наутро, а потоа им дозволивме на играчите да се опорават со тимот за физичка подготовка.

– Се обидовме да промениме некои работи, имаше шест нови играчи, но бевме бавни, и физички и ментално. Во фудбалот, ги гледате противниците, ја гледате топката, но ако реагирате пребавно, ако не покажете срце или ритам, тогаш тактиката и системот стануваат неважни, – изјави Спалети.

Уште во оваа рана фаза од сезоната, Јувентус веќе има осум бодови негатива во однос на лидерите Интер и Лацио, а за Спалети најважна работа ќе биде тимот да покаже реакција на следниот натпревар.

– Важно е да се покаже реакција, а не само пасивно да се препуштите на она што се случува на теренот. Не изгледаше добро, но ќе мора да реагираме, – изјави Спалети.