Луксузната марина Порто Монтенегро беше домаќин на регионaлниот настан „Porsche x Frauscher“, специјално организиран за клиенти од неколку земји од регионот, меѓу кои и претставници и гости од Македонија, организирани преку Porsche Center Skopje.
Овој уникатен настан ги спои супериорниот инженеринг на патот и беспрекорната елеганција на вода. Гостите имаа ексклузивна можност први да ги искусат извонредните перформанси на новиот електричен глисер од престижниот бренд Frauscher, развиен во директна соработка со Porsche, кој поставува целосно нови стандарди во луксузната наутика.

Покрај адреналинските водни активности, програмата вклучуваше и тест-возења на целата гама на возила од брендот Porsche. Вљубениците во брзината и врвниот дизајн имаа можност од прва рака да ја почувствуваат моќта, динамиката и бескомпромисниот луксуз што го нудат најновите модели на Porsche по живописните патишта околу Бока Которска.

Круна на овој мултисензорен настан беше ексклузивната гала вечер одржана во срцето на марината. Во софистицирана амбиентален атмосфера, гостите уживаа во врвни гастрономски специјалитети, избрани пијалаци и можност за вмрежување со љубители на луксузот и адреналинот од целиот регион.

„Нашата цел со овој настан беше да им понудиме на нашите клиенти повеќе од обично искуство — целосно потопување во светот на Porsche каде што перформансите, одржливоста и премиум животниот стил се спојуваат. Гостите од Македонија имаа можност да бидат дел од еден од најексклузивните настани во регионот оваа година и одблиску да видат како визијата на Porsche за иднината се пренесува од патеките директно на вода“, изјавија од Porsche Center Skopje.

Настанот „Porsche x Frauscher“ уште еднаш ја потврди посветеноста на брендот кон создавање незаборавни искуства за своите верни клиенти, поставувајќи нови мерила за луксузни настани во земјата и регионот.
























Комерцијален текст














