Зошто автомобилите во Европа се 5 пати поскапи?! „Volkswagen“ во Кина продава голема електрична лимузина за 10.600 евра

Точка

29/09/2026

18:01

459

Големина на фонт

а а а

Разликата меѓу Европа и Далечниот Исток во последните години станува несфатлива кога станува збор за цените на автомобилите! Додека во Европа цените на електричните автомобили буквално „летаат во небо“, од Кина пристигнува нова ценовна шлаканица!

На пазарот на втората најнаселена земја во светот, по Индија, официјално е претставена новата електрична лимузина „Jetta M6“, долга импресивни 4,81 метри, чија основна верзија чини неверојатни – 10.600 евра!

Колку оваа понуда ги нарушува сите досегашни стандарди во автомобилската индустрија најдобро покажува бруталната споредба со европските салони. Најевтиниот електричен автомобил што можете да го купите во Европа, скромниот градски четиритркалец „Dacia Spring“, стартува со цена од околу 18.000 евра. Од друга страна, за електричниот „Volkswagen ID. 7“ во Германија мора да издвоите најмалку 55.000 евра – што го прави дури пет пати поскап од оваа кинеска лимузина, пишува „Klix.ba“.


Голема лимузина

Притоа, „Jetta M6“ не е никаква минијатура наменета за градските метежи, туку пространа и сериозна лимузина чии димензии се речиси до милиметар идентични со легендарниот „Volkswagen Passat B8“. Станува збор за модерна, пространа семејна лимузина каква што „VW Jetta“ некогаш претставуваше во европската понуда.

Кога ќе се погледне што се добива под хаубата, шокот е уште поголем. Кинеските купувачи за цена од 10.600 евра добиваат лимузина со батерија со капацитет од 42,9 kWh и електромотор со моќност од 154 КС, што според кинескиот „CLTC“ циклус овозможува досег до 465 километри со едно полнење. За оние кои сакаат поголема моќност и повеќе опрема, во понудата се верзиите „Maxi“ и „Ultra“ со поголема батерија (51,9 kWh), помоќен електромотор (197 КС) и уште побогат пакет опрема. Цената на најскапата верзија и понатаму изнесува смешни 13.000 евра.

Зад оваа брутално ниска цена не стои магија, туку совршено организиран локален производствен синџир. Компанијата „Volkswagen“ успева да постигне толку ниски трошоци во Кина бидејќи целосно се потпира на тамошните гиганти за производство на батерии, чипови и придружни компоненти, заедно со значително пониски трошоци за инженеринг и работна сила.


Еве каде е разликата, Европа е 5 пати поскапа?

Додека европските цени ги диктираат скапите увозни ресурси, високите трошоци за развој, сложената логистика, фабриските трошоци и високите маржи, Кина успеа да создаде заокружен систем. Иако „VW ID. 7“ е технолошки понапреден автомобил од повисока класа, „Jetta M6“ докажува дека пространа електрична лимузина долга 4,8 метри не мора нужно да чини 50.000 евра.

Додека во Европа се води полемика за одржливоста и конкурентноста, купувачите во Кина добиваат семејни лимузини со големина на „Passat“ по цена на малку подобар половен автомобил.