Потресна исповед на славната манекенка: „Не можам да функционирам поради болеста, ништо не ми помага“

Точка

26/06/2026

19:19

565

Големина на фонт

а а а

Манекенката Бела Хадид на својот Инстаграм отворено проговорила за тешките физички и ментални последици од влошувањето на хроничната болест со која се бори.

Во низа објави во четврток, 25 јуни, 29-годишната манекенка споделила со следбениците низ што поминува за време на неодамнешното влошување на симптомите на Лајмската болест.

Борба со невидливи симптоми

Хадид ги започнала објавите со долга порака во која опишала колку е „застрашувачки“ да се објаснуваат симптоми како болка, исцрпеност, замор, анксиозност, мозочна магла, инфекции и траума, и како тие водат „во тешка изолација и депресија, особено во подолги периоди“.

„Особено кога го даваш најдоброто од себе“, продолжила Хадид, наведувајќи дека чита книги и приказни за да дознае повеќе за самодијагностика и симптомите, но и покрај тоа и понатаму доживува неуспеси.

„Барате одговори што никој не може да ги најде. Се борите. Конечно имате неколку добри денови. Мислите дека сте го нашле вистинскиот протокол, вистинската рутина, вистинскиот третман … а потоа влошувањето се враќа и одеднаш ништо повеќе не е сигурно“, додала манекенката.


Објаснила дека поради влошувањето ги откажува плановите и не може да носи одлуки, бидејќи „никогаш“ не знае како ќе се чувствува од ден во ден.

„Се будите со анксиозност која веќе живее во вашето тело“, напишала Хадид. „Физичка болка уште пред стапалата воопшто да ви го допрат подот… И некако, сепак мора да најдете сила за уште еден ден во тело и ум кои се целосно исцрпени“, истакнала таа.

Манекенката додала дека научила да ги крие своите чувства, кои тешко можат да им се објаснат на другите.

„Понекогаш се чини дека е невозможно целосно да се разбере, освен ако самите не сте преживеале нешто слично или сте сакале некого што поминал низ тоа“, нагласила Хадид.


Порака на надеж среде болката

На своите следбеници кои се борат со слични проблеми им порачала дека „постои светлина, дури иако денес не можете да ја видите… Постои надеж“, пред да сподели порака што често си ја кажува самата себеси кога ѝ е најтешко.

„Како што многумина рекле… морам да се потсетам дека закрепнувањето не е линеарно… Верувам дека Бог, некако, ни става на патот само она што сме способни да го поднесеме, дури и кога во тој момент не разбираме зошто“, напишала таа, додавајќи дека постои „подлабока смисла за сите нешта во животот“.


Хадид признала дека, иако е тешко, верува дека „секоја тешкотија ни остава лекција, подлабоко сочувство или сила за која не сме знаеле дека ја имаме“.

„Тоа нè води до местата, луѓето и искуствата што ги имаме сега… Чувствувам огромна благодарност за животот, но кога живеете во тело кое има повеќе тешки отколку добри денови, тешко е да се пронајдат радост, смисла или причина воопшто да излезете надвор… но ќе продолжиме да се обидуваме! Секогаш!“, продолжила Бела.

Својата почетна објава ја завршила со порака на поддршка: „Сакани сте. Потребни сте. Вашиот живот има смисла. И ќе ја пребродите секоја фаза што животот ќе ви ја донесе… Ве сакам и длабоко сочувствувам со вас“.


Солзи и мали успеси

Во подоцнежните објави Хадид ја покажала и својата поранлива страна. Споделила селфи на кое плаче и напишала дека не може да се „ослободи“ од ова влошување, објаснувајќи дека спиела 11 часа и постојано дреме.

„Го пробав секој протокол од секој лекар кај кој сум била. И понатаму ништо не помага“, напишала, признавајќи на шега дека сега „сама си дијагностицирала уште 12 работи, па тоа е добро“.


Откри и дека „останала без здив додека одела до кујната“.

„Мислам дека во главата не ми работи ниту една мозочна клетка, а последните две што останале се караат меѓу себе“, продолжила таа во црнохуморен тон.

„Сепак се истуширав без да се онесвестам… па, кој поминал низ тоа, разбира … тоа денес навистина ми беше голем успех“, заклучила Хадид.

На крајот споделила и две видеа од креаторот на содржини Оливер Џорџ, кој на шеговит начин се занимава со тешкотиите на животот со хронична болест, постојаниот замор и справувањето со симптомите.