Кристијано Роналдо објави нова фотографија со својата свршеница Георгина Родригез.
Во описот оставил само емотикон со срце, а неговата објава за пет минути собра половина милион лајкови.
Голема поддршка
Георгина му е голема поддршка на фудбалерот во неговата кариера. Неодамна го следеше натпреварот меѓу Португалија и Узбекистан на Светското фудбалско првенство, кој заврши со убедлива победа на Португалците со резултат 5:0.
Објавила фотографија на која позира покрај телевизор, а вниманието на нејзините следбеници го привлече нејзиниот изглед – носеше само дрес на португалската репрезентација со бројот 7, кој со години го носи токму Кристијано Роналдо.
Роналдо на натпреварот против Узбекистан испиша фудбалска историја. Со голот постигнат на тој натпревар стана првиот фудбалер кој постигнал гол на дури шест последователни светски првенства.
Во врска од 2017 година
Георгина и Роналдо официјално се во врска од 2017 година, а минатото лето се свршија. Заедно имаат две биолошки деца, а Георгина се грижи и за трите деца што Роналдо ги доби преку сурогат-мајчинство.










