[ФОТО] Вака изгледа денес поранешниот фудбалски заводник по кого лудуваа жените ширум светот: Никогаш не би го препознале

Точка

22/06/2026

20:46

1.546

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шпански репрезентативец, а денес тренер, Фернандо Торес деновиве ужива на престижна локација во Италија.

Во друштво на сопругата Олала Домингез Листе, со која е во брак 17 години, тој се одморал во прекрасното Портофино.


Парот уживал во опуштена атмосфера на луксузните плажи, пливајќи во морето и сончајќи се на лежалките. Олала носела бел костим за капење што совршено ѝ прилегал, додека Торес носел црни шорцови за капење и очила за сонце.


Поранешниот фудбалер го покажал своето сега веќе изменето тело и бројните тетоважи, а косата му била стилизирана во препознатливиот залижан стил.



Торес беше голема ѕвезда на Атлетико Мадрид, а го носеше и прекарот „Ел Нињо“ поради низата голови што ги постигнуваше уште како млад фудбалер.


Од фудбалот се повлече пред седум години, а потоа ја презеде тренерската улога во младинскиот тим на Атлетико Мадрид.


Торес и неговата сопруга се заедно уште од детството, а се венчале во 2009 година. Истата година ја добиле ќерката Нора, а потоа уште две деца – Лео и Елса.