[ФОТО] Има 61 година и нема намера ништо да крие: Пејачката покажа дека годините се само број, а сите гледаа во нејзината модна магија

Точка

25/06/2026

19:58

567

Големина на фонт

а а а

Шанаја Твејн (60) неодамна започна серија настапи во рамките на историската концертна резиденција во Лондон, каде што го отвора секој од дванаесетте концерти на Хари Стајлс на стадионот „Вембли“ ова лето.

Легендарната пејачка за секој настап носи впечатливи и заводливи креации на модната куќа „Долче и Габана“, а откри и колку модата ѝ помага да се чувствува силно и самоуверено.

На својот Инстаграм профил споделила фотографии од најатрактивните изданија од настапите. Меѓу нив особено се издвои црното проѕирно тантелно боди, кое ги откри градникот и ултракратките шорцови.


Смелиот стајлинг го надополнила со проѕирни хулахопки, високи црни чизми до колена и долги ракавици со тантела.

На другите фотографии Шанаја позирала во блескав мини-фустан со долги ракави, прекриен со сребрени светки кои под рефлекторите создаваа ефект на диско-топка. Обожавателите имаа можност да видат и уште едно нејзино провокативно црно боди со врзување.


„Сакам накратко да се осврнам на креациите на Долче и Габана што ги носам секоја вечер на „Вембли“. Знам дека сум многу емотивна кога зборувам за новиот албум, но сето ова искрено ме враќа во детството. Не станува збор само за музиката што ја сакам, ниту само за инспиративните лица кои секоја вечер ги гледам во публиката. Тоа што од вечер во вечер ме облекуваат едни од најголемите дизајнери во светот прави да го живеам својот детски сон. Се чувствувам прекрасно и самоуверено на сцената во овие моќни креации. Малата Шанаја немаше многу, а денес сум бескрајно благодарна за сè што имам“, напишала пејачката.


Нејзините смели модни изданија во последните месеци се доказ за самодовербата што ја градела со години. Во неодамнешно интервју изјавила:

„Имам тело на шеесетгодишна жена, но без проблем ќе прошетам на плажа во бикини. Навистина не ме интересира дали тоа некому му е прифатливо или не. Немам многу животни каења, но би сакала порано да излезев од својата срамежлива школка. Тоа ќе беше многу поздраво за мене“.

Твејн така уште еднаш покажува дека годините не се пречка за самодоверба, стил и уживање во сопственото тело.