Канскиот фестивал е нејзината омилена дестинација, па во последните години најчесто може да ја видиме на црвениот тепих на овој култен настан. Тилен Блондо (25) не ја крши таа традиција, па била гостинка на премиерата на филмот „Горчлив Божиќ“.
Тилен Блондо го избрала наједноставниот црн фустан за црвениот тепих во Кан, кој ги покрива нејзините чевли и наликува на модниот изглед во кој Тина Кунаки неодамна се претстави на Канскиот филмски фестивал.
Елегантна пунџа, совршена шминка и златен накит се спротивставиле на минимализмот во облеката, а Тилен Блондо покажала како изгледа по коментарот дека направила козметичка корекција, односно пластична операција за зголемување на усните.

Познатата Французинка ги негирала ваквите забелешки, тврдејќи дека нејзината убавина е сосема природна, пишува „Yahoo.com“.
На црвениот тепих на Канскиот фестивал, Блондо покажа и многу посебна тетоважа на вратот, со натпис „Ангел“, како и веренички прстен кој е круна на нејзината долгогодишна љубов.
Да ве потсетиме дека Тилен Блондо се сврши со францускиот актер и диџеј Бен Атал на почетокот на март. Романтичното запросување се случи за време на нивниот одмор на атинската ривиера во Грција, а Тилен гордо покажа прстен со огромен дијамант, чија вредност се проценува на неколку десетици илјади евра, на социјалните мрежи.

Некогаш најубавата девојка на светот, како што ја нарекуваа кога се појавуваше на јавната сцена, таа успеа да изгради успешна кариера како модел, а го лансираше и својот козметички бренд „ENALYHT“, со што влезе во претприемачките води.
Ќерката на фудбалерот Патрик Блонд и Вероника Лубри, француска актерка и ТВ водителка, порасна во очите на светската јавност. А нејзиното деби на јавната сцена беше исклучително контроверзно бидејќи како 10-годишно девојче се појави на страниците на „Vogue“ со шминка и високи потпетици. Всушност, секој детаљ од нејзините фотографии бил несоодветен, но одобрен од нејзината мајка Вероника, која нагласила дека јавната кариера не влијае негативно врз воспитувањето и развојот на нејзината ќерка.

Тилен, која во нејзината родна Франција ја нарекуваат новата Брижит Бардо, всушност немала детство, барем не вообичаеното. Облека соодветна за многу постари луѓе, одговорности достојни за кариерите на постарите ѕвезди... Сето ова ја придружувало додека растела.
Имала само четири години кога почнала да работи во модата, работејќи за Жан Пол Готје, а подоцна и за модната куќа „Долче и Габана“. Првото модно снимање го имала на седумгодишна возраст, а од 2005 до 2016 година работела за француска модна агенција која промовира успешни деца.
Таа била прогласена за најубавото девојче на светот, а на 15-годишна возраст го имаше своето актерско деби во „Belle & Sebastian: The Adventure Continues“. Во меѓувреме, таа беше редовен гостин на гала-настанот каде што се појавувала во несоодветна облека, како што проценија многумина. Пред неколку години, таа имаше серија операции поради цисти на јајниците.

Тилен најдобро знае дали цената што ја платила за амбициите на нејзината мајка била превисока. Голем број луѓе веруваат дека децата апсолутно немаат место на јавната сцена и дека кариерата во шоу-бизнисот не започнува во детството.















