„Косата ми паѓа во прамени“: Отворена Пандорина кутија на тајни документи со жестоки обвинувања против Блејк Лајвли - проблемите за актерката допрва почнуваат?

Точка

11/05/2026

19:37

905

Големина на фонт

а а а

Иако се мислеше дека со завршувањето на долгата правна битка со режисерот Џастин Балдони конечно си купила мир, за Блејк Лајвли проблемите допрва почнуваат.

Судските документи изнесоа на виделина строго чувани интерни тајни на нејзиниот бренд „Blake Brown Beauty“, разоткривајќи стотици очајни рецензии од жени кои тврдат дека новата козметика за коса предизвикала екстремно опаѓање, кршливост и сушење на косата.


Правната сапуница околу филмот „It Ends with Us“ неодамна заврши со спогодба, но адвокатите на Балдони успеаја да зададат сериозен удар врз репутацијата на познатата актерка. Бранејќи се од обвинувањата на актерката дека ѝ го уништил деловниот углед и продажбата на производите, тимот на Балдони побара и доби отпечатување на интерните документи на компанијата „Blake Brown Beauty“. Тие списи сега открија дека падот на продажбата не е резултат на никаква „медиумска кампања“, туку на лавина бесни купувачи кои пријавувале дека производите, буквално, им ја уништуваат косата.

„Што, по ѓаволите, ставивте во ова?“

Линијата на производи за коса беше лансирана во август 2024 година со огромна помпа и ексклузивен договор со американскиот трговски ланец „Target“. Самата актерка тогаш изјави дека на развојот на производите, чија цена се движи од 19 до 25 долари, работела цели седум години. Меѓутоа, еуфоријата кратко траеше. Откриените судски списи содржат бројни јавни и приватни поплаки на кориснички кои пријавиле катастрофални резултати.


„Што, по ѓаволите, ставивте во ова? Косата ми изгледа како проклето гнездо, никогаш повеќе нема да го купам овој производ“, стои во една од поплаките. Документите откриваат и многу подраматични искуства, во кои жени пријавиле „екстремно губење на коса“ веќе по првите неколку миења со шампонот од нејзината линија. „Навистина сакав да го сакам овој бренд, но косата ми стана толку сува и кршлива по само три недели. Косата ми се крши и на допир е како слама“, напишала една корисничка, додека друга во очај додала: „Мирисот е неверојатен, но косата ми паѓа во значително поголеми количини отколку порано. Ова целосно ми ја уништи косата“. Многумина се жалеле и на изразено чешање на скалпот и леплив траг што го остава сувиот шампон. За размерите на незадоволството зборува и еден ТикТок коментар каде што корисничките нејзиниот бренд подбивно го преименувале во „Split Ends with Us“ (Расцветани врвови со нас), алудирајќи на насловот на филмот.

Интерен документ кој го потврдува целосниот дебакл

Дека ова не се само изолирани случаи на интернет-тролови, докажува интерен и-мејл кој извршната директорка на брендот ѝ го испратила директно на Блејк Лајвли во септември 2024 година. Тој таен мејл открива дека тимот бил целосно свесен за дебаклот. Според извештајот, дури 42% од повратните информации за „хранливиот шампон“ се однесувале исклучиво на „сувост, кршливост и оштетување на косата“. Маската за зајакнување на косата поминала подеднакво лошо, при што повеќе од половина од оние што ја пробале пријавиле дека ја остава косата масна, тешка и заплеткана.


Покрај проблемите со самата формула, 40% од корисничките се жалеле на гломазна, незгодна амбалажа од која тешко се истиснува производот, додека речиси една четвртина изјавиле дека производите по квалитет никако не ја оправдуваат својата цена (околу 20 евра по шише). Во истиот тој и-мејл, директорката ѝ предложила на актерката „кризен план“ на комуникација во кој на купувачите би им се нагласувало дека цената по едно миење е всушност многу исплатлива, независно од тоа што производот не ги исполнува очекувањата.

Иако овие непријатни документи излегоа во јавност поради судската спогодба за која зборуваше целиот Холивуд, брендот сè уште се наоѓа на полиците, а нејзината линија неодамна е проширена на дури 18 производи. Претставниците на Блејк Лајвли одбија да коментираат за уништената коса на своите купувачи, останувајќи на официјалниот слоган на компанијата: „Сакај ја својата коса, и таа ќе те сака тебе“.