[ВИДЕО] Луѓето ја покажале реалноста на евтините монтажни куќи од Кина: „Единствено нешто што треба да направат е...“

Точка

03/02/2026

13:00

1.231

Големина на фонт

а а а

Во последниве години растот на цените на недвижнини стана еден од најголемите општествени и економски проблеми на модерното доба.

Купувањето или изнајмување стан или куќа повеќе не е реална опција за многу од луѓето, па дури ниту за оние кои се постојано вработени и имаат стабилни приходи.

Трошоците на метар квадратен растат побрзо од платите, каматната стапка го отежнува задолжувањето, а пазарот е помалку приспособен на просечните плати на граѓаните.

Поради таквите околности, сѐ поголем број од луѓето се принудени да бараат алтернатива за станбено решение. Малите, функционални и пристапни недвижнини стануваат одговор на потребата за сигурен кров над главата без долгорочни долгови и финансиски притисок. Наместо луксуз и вишок простор, фокусот се поместува на практичноста, одржливоста и пристапноста.

Јутјуб каналот „Heads of Estate & Renovation“ објавил видео „купивме евтина мала куќичка направена од бродски контејнер од Кина... и одлична е“, што иницирало дебата.

Станува збор за мала монтажна куќа која се транспортира во облик на контејнер. Се склопува кога ќе стигне на локацијата, а се состои од скромен ентериер – дневна соба, кујна, тоалет и спална соба.


„Убаво и евтино“, велат авторите на видеото кои исто така покажале како изгледа животот во куќа после една година.

Станарите тврдат дека немаат никакви замерки. Куќата е сува, звучно изолирана... Во коментари под видеото изнесени биле многу мислења.

Во еден, човек го опишува своето искуство со купување на монтажна куќа од Кина:

„Купив контејнерска куќа со димензии 12,2 метри должина и 6,1 метар ширина, за нашиот камп од 183 хектари. Две единици имаа спални соби, а другите две три спални соби. Цената по единица беше 12.000 долари (околу 10.200 евра), исклучувајќи ги данокот за увоз, царина, државен данок итн. Плус дополнителни 10.000 долари (8.500 евра) за испорака од фабрика во Кина до мојот имот на источното крајбрежје од САД, што вкупно чини 27.000 долари (22.950 евра) по единица“, навел мажот, па додал:

„Гледам многу од овие куќи наведени кај американски дистрибутери по цени кои почнуваат од 80.000 долари (68.000 евра), па до 185.000 долари (157.250 евра). Заштедив илјада долари купувајќи директно од произведувачот, па дури и со увозна царина и транспорт кои се во повисок ценовен ранг.


Од 2024 година, не постои произведувач во Кина којшто ги произведува овие единици. Да, постојат американски и европски компании кои дополнително ги приспособуваат надворешните кровови и слично. Меѓутоа, што се однесува до самиот контејнерски модул, тој целосно се произведува во Кина“.

Искуство на жена од Австралија

Една жена од Австралија вели дека нејзиното семејство живее во една од овие куќи затоа што нивната нова куќа била уништена во торнадо во Квинсленд во 2024 година.

„Ние плативме само 22.000 долари за нашата. Единствено што треба да направат е да ги затворат сите рабови со водоотпорен силикон затоа што некогаш протекува, но освен тоа навистина се одлични. За среќа, ќе може да се вратиме во главната куќа за неколку недели, па планирам да ја реновирам оваа монтажна куќа и да ја преуредам“.