Искусна патничка која досега посетила 64 земји тврди дека открила една од најпристапните дестинации во Европа каде што потрошила само симболична сума за оброк.
Стеф, која ги споделува своите патувања на социјалните мрежи, го опиша своето изненадување за време на посетата на Белорусија. Како што вели, била воодушевена не само од ниските цени, туку и од целокупниот впечаток, кој е значително различен од остатокот од Европа.
„Ја посетив една од најевтините земји во Европа, но она што најмногу ме изненади не беа само цените“, вели таа во видеото, додавајќи дека тоа е место кое изгледа сосема различно.
Таа особено ги нагласи културните разлики што се одразуваат дури и во секојдневните работи, како што е она што се нуди во кината, но и во општиот изглед на градовите. Улиците и метрото, вели таа, се меѓу најчистите што ги видела на своите патувања. Според неа, цените се исклучително прифатливи, оброк може да се најде за околу едно евро, додека возењето со автобус чини само неколку десетици центи.

Богата историја
Таа додава дека оваа источноевропска земја нуди сосема поинакво патничко искуство. Стеф ја издвои богатата историја што е видлива на секој чекор, од архитектурата до бројните споменици и урбаниот распоред на градовите.
„Тоа е место кое ви покажува колку е навистина разновидна Европа и како секоја дестинација има свој идентитет и ритам“, заклучила таа.










