[ФОТО] Славната манекенка (72) изненади со изгледот: „Како да има ново лице“

Точка

24/04/2026

14:46

542

Големина на фонт

а а а

Кристи Бринкли во вторникот вечерта во Њујорк привлекла внимание со својот многу младешки изглед. Манекенката, која има 72 години, позирала на црвениот килим на добротворна гала-вечера одржана во познатиот ресторан „Cipriani“ на 42. улица, а нејзиниот изглед предизвикал бројни коментари.

Изглед за црвениот килим

Една од најславните манекенки од 70-тите, позната по насловните страници на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, имала шминка што ѝ го нагласила лицето и ги истакнала јаболчниците, а сè надополнила со кармин во боја на слива. Долгата руса коса ја стилизирала во меки бранови, додека околу вратот носела впечатлив дијамантски ѓердан.


Исто така носела и раскопчан црн кожен мантил покажувајќи ја витката фигура во тесен црн фустан, а комбинацијата ја надополнила со црна чантичка со мониста.

Обожавателите во неверување

По објавувањето на фотографиите, на социјалните мрежи се појавија бројни коментари. Еден обожавател на платформата Икс напишал: „Сигурно има добар пластичен хирург, бидејќи ова е нереално. Како да има ново лице“. Друг на Редит се запрашал: „Како, добога, Кристи и понатаму може да изгледа како да има педесет години, а има седумдесет?“. Трет додал: „Вистинска божица на убавината, како и секогаш изгледа фантастично, лицето ѝ е неверојатно“.


Нејзиниот поглед на стареењето

Уште во 2024 година актерката зборувала за тоа како успева да го одржи младешкиот изглед децении откако се прославила во 1970-тите. Во разговор за списанието „Пипл“ рекла дека не ѝ пречи понекоја брчка и признала дека во минатото пробала ботокс, но дека не сака да претерува со зафати. Во интервјуто нагласила дека сака да изгледа одлично, но истовремено си дозволува и природно стареење.

„Сакам да прифатам одредени брчки. Тоа е мојот пристап кон стареењето“, изјавила манкенката. „Понекогаш, кога луѓето стареат и претеруваат со зафати, можат да изгледаат восочно и не го знам вистинскиот збор, како да се конзервирани. Сакам на моето лице да се гледа малку живот, знаете?“, додала таа.


Манекенката споделила и дека двапати годишно оди на „Fraxel“ третмани за обновување на кожата, за да го ублажи оштетувањата од сонцето.

Во пресрет на својот 70-ти роденден, објавила духовита порака на Инстаграм.

„Ми останаа уште неколку дена од моите секси шеесетти пред на 2 февруари да зачекорам во моите сензационални седумдесетти. Веќе знам дека ова ќе биде спектакуларна година! Го знам тоа затоа што тоа е мојот план, а доволно сум возрасна за да знам дека од мене зависи тоа и да го остварам. Секогаш им велев на своите деца да си го разубават денот, а сега тоа си го велам и себеси — ќе си ја направам оваа година сјајна“, напишала поранешната сопруга на пејачот Били Џоел.

Додала дека имала „многу опасни ситуации“ и дека се чувствува „среќна и благодарна што е тука“, веројатно алудирајќи на својата скијачка несреќа.


„Едноставно не можам да поверувам дека стигнав дотука толку брзо! Времето лета, па мојот совет до сите млади е… Сакајте, смејте се и живејте со полни гради!“, истакнала Кристи.

Што вели за стареењето и семејството?

Во 2023 година, манекенката за „Пипл“ изјавила дека се чувствува исто толку добро како и пред 40 години.

„Се чувствувам силно. „Додека се приближувам до седумдесеттата, се чувствувам речиси исто како кога се приближував до триесеттата. Се чувствувам добро“, рекла таа.

Со списанието разговарала додека водела настан за вдомување постари кучиња во Њујорк.

„Чувствувам дека мојот дух не ги следи моите години, па едноставно ќе продолжам да живеам со полни гради“,нагласила таа. Објаснила и дека била изненадена од сопствените чувства за стареењето:


„И самата бев шокирана што на овие години не се чувствувам онака како што мислев дека би требало. Не верувам дека фокусирањето на годините ќе ви помогне да се чувствувате подобро“.

Таа го споделила и својот совет за младешки изглед: „Верувам дека љубопитноста кон светот околу вас и желбата да го искористите секој ден ве одржуваат млади и активни“.

Истакнала и дека семејството ја држи цврсто на земја. Таа ги има ќерките Алекса Реј и Сејлор, како и синот Џек.

„Едноставно го сакам секој момент кога семејството и пријателите се околу мене — само да седиме и да се смееме. Мислам дека смеата лекува сè“, заклучила Бринкли.