„Мажите ми велат дека сум преубава, но не би излегувале со мене“: Поради ова сите ја одбиваат

Точка

02/02/2026

16:01

1.637

Големина на фонт

а а а

Оваа млада кревачка на тегови на „TikTok“ им одговори на мажите кои ѝ велат дека е „преубава“, но дека „не сакаат мускулести девојки“ и затоа не би биле со неа.

Во време кога на жените и понатаму им се мери секој сантиметар од телото и секоја одлука, правилата се менуваат речиси сезонски. Еден ден си „премногу слаба“, следниот „премногу дебела“, па „премногу средена“, па „премногу природна“. Секогаш постои некое „но“ што го расипува комплиментот.

Кај Хантер тоа „но“ звучи особено апсурдно: „Убава си, но си премногу силна“.

Оваа млада кревачка на тегови, на „TikTok“ позната како „Мускулеста мама“, последниве денови стана вирална откако јавно им одговори на мажите кои, како што вели, редовно ѝ кажуваат дека е „преубава“, но дека „не сакаат мускулести девојки“ и дека поради тоа не би биле со неа.


„Велат дека сум убава, но не би излегувале со мене“

Хантер со години тренира и гради тело какво што ретко се гледа дури и меѓу мажите во теретана. Дефинираните мускули, силата и ставот станаа нејзин заштитен знак, но и, парадоксално, пречка во дејтингот.

Во едно видео на „TikTok“ реши на тие коментари да одговори без објаснување и без правдање. Најпрво прави лажно тажен израз на лицето и со рацете формира срце, како да ѝ е скршено срцето од нечија забелешка, а потоа тоа срце театрално го „кине“ и ѝ покажува среден прст на камерата. Во описот кратко напиша:

"Како да ме интересира".

Видеото е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати, а таа на следбениците им објасни што всушност се крие зад тој гест.

„Ми велат дека сум убава, но дека не сакаат мускулести девојки. Секогаш звучи како комплимент, а всушност значи дека никогаш не би ме повикале на дејт“, раскажа таа.

Со други зборови – ми се допаѓаш, само биди послаба верзија од себе.


„Проблемот не е во мене, туку во нив“

Во коментарите брзо се јавија жени со слични искуства, но и оние кои директно го кажаа она што многумина го мислат – дека проблемот нема врска со нејзиниот изглед, туку со туѓата несигурност.

Една девојка напиша:

„Мојот поранешен не ми дозволуваше да тренирам затоа што не сакаше да бидам поголема од него. Тоа е сè несигурност и мрзеливост, а други додадоа: „Едноставно не сакаат девојка која е посилна од нив“ и „Нивната машкост е кршлива“.


Хантер и претходно знаела да возврати без задршка. Кога еден маж ѝ порача: „Фит жена е привлечна, но не сакам да биде толку фит што да имам чувство како да сум во кревет со маж“, таа му одговори едноставно:

„Еден ден ќе бидеш силен како мене, не грижи се“.

Без драма, без извинување, без потреба да се вклопи во туѓи очекувања.

Во култура која постојано им порачува на жените да бидат помали, потивки и „поженствени“, Хантер прави спротивното. Посилна е од кога било и очигледно не ѝ пречи ако тоа за некого е премногу. Затоа што проблемот, како што изгледа, никогаш не бил во нејзините мускули, туку во туѓото его.