Една жена останала целосно скршена откако нејзиното прво професионално потстрижување по неколку години завршило со вистинска катастрофа.
Како што раскажала на ТикТок, изминативе години самата си ја потстрижувала косата дома, но овојпат решила да се почести со одење во салон.
За потстрижувањето издвоила 80 фунти, односно околу 95 евра, очекувајќи фризура каква што посакувала. Наместо тоа, како што објаснила, си заминала дома расплакана.
„Ми ја уништи косата“
Во салонот побарала фризерката да ја потстриже до раменици и да направи малку „поживи“ прамени и слоеви, за фризурата да изгледа пополна и полесно да паѓа. Сè документирала во ТикТок видео: најпрво покажала како ѝ изгледала косата пред шишањето, а потоа го открила резултатот што ја шокирал.

Наместо коса до раменици, си заминала дома со многу пократка, нерамна и кадрава фризура, која не знаела ни како да ја обликува. „Ова е со што си заминав дома“, напишала покрај фотографија на која може да се забележи дека плачела.
„Плачам. Имам густа, брановидна и кадрава коса и сега воопшто не можам да ја средам“, се пожалила.
На следните фотографии покажала многу кратки прамени на врвот од главата и остри, назабени премини од страните. „Прво потстрижување во салон по многу години, а таа ми го уништи“, додала.
Не можела ни навреме да реагира
Објаснила и зошто порано не кажала дека нешто не е во ред. „Ме сврте од огледалото така што ништо не гледав додека не заврши. Инаку веднаш ќе реагирав. Скршена сум и уништена“, напишала жената.
Додала дека и онака се бори со недостаток на самодоверба и дека ова искуство дополнително ѝ ја влошило состојбата. „Ова ми ги прави работите сто пати полоши“, признала.
Ситуацијата дополнително ја отежнало тоа што не можела да си дозволи брзо решение. „Не можам да платам екстензии. Едвај можев да си го дозволам и ова потстрижување“, рекла таа.
Објавата предизвика лавина реакции
Нејзината објава брзо предизвикала бројни коментари. Многумина ѝ советувале веднаш да побара поврат на парите. „Со години бев инструкторка по козметологија. Ова е катастрофа. Мора да ти ги вратат парите“, напишала една корисничка.
Друга додала: „Јави се во салонот и побарај разговор со сопственикот. Треба дури и да ти платат екстензии на друго место. Работам во оваа индустрија повеќе од 20 години“.
На крајот добила поврат на парите и извинување
Жената подоцна повторно се огласила со нови информации. Открила дека ја контактирал менаџерот на салонот и дека добила целосен поврат на парите, а фризерката што ја истржила наводно добила отказ.
Во меѓувреме, пријателка ѝ помогнала да ја преобликува фризурата за да изгледа барем малку подобро.


















