Антон Павлович Чехов бил основоположник на психолошкиот реализам, доктор, голем писател, но и голем човек. За 44 години живот, од кои половина ги поминал болен од туберкулоза, не создал само многу литературни дела, туку и безброј добри дела, а покрај „Внукот Вања“, „Чајката“ и „Трите сестри“, на светот остави и ризница на мудрост на која често се потсетуваме кога нè мачи некоја животна дилема.
Градел училишта, противпожарни станици, патишта, основал библиотеки и музеи, обновувал шуми… Помагал на стотици луѓе, финансиски или со посредување на различни начини. Бесплатно лекувал болни и ги снабдувал со лекови, а за време на колерата, како окружен доктор, самиот, без помошник, опслужувал 25 села. Многу други добри дела направил Антон Павлович Чехов, еден од најголемите драмски писатели на сите времиња, лекар и хуманист.

Славниот руски писател е роден на 29 јануари 1860 година во Таганрог, во Ростовската област. Студирал медицина на Московскиот универзитет, а со пишување се занимавал уште од средношколските денови, кога почнал да објавува статии во весници. Генијалниот раскажувач оставил зад себе и вистинско богатство на мудри мисли, кои можеме да ги примениме и во ова ново време, бидејќи бил вистински мајстор за студиозно сецирање на човечката природа.
„Еднаш мојата мајка го замоли соседот да ѝ позајми сол. Кога ја прашав зошто бара сол од него кога веќе имаме, таа одговори: ‘Затоа што тие често позајмуваат работи од нас. Бедни се, ако побарам нешто од нив, дури и безначајно, ќе почувствуваат дека и тие се потребни за нас. Така ќе им биде полесно да бараат било што кога ќе им треба од нас’.
Само човек со вакво воспитување, морален кодекс и широка душа можел да стане едно од најзначајните имиња во светската книжевност, но и голем добротвор.
„Добро воспитување не е тоа да не истуриш сос на покривка, туку да не забележиш ако тоа го направи некој друг“, велел Антон Павлович Чехов, а еве уште неколку мудрости на славниот руски писател.
1. „Ако не знаеш што чувствуваш кон човекот – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и нема да го има. Тогаш сè ќе ти стане јасно.“

2. „За да чувствуваш среќа непрекинато, дури и во моменти на тага и жалост, треба да знаеш како да бидеш задоволен со сегашноста и да уживаш во сознанието дека може да биде и полошо.“
3. „Човек е она во што верува.“
4. „Стотици милји празни, еднакви, изгорени степи не можат да предизвикаат толку длабока депресија како еден досаден човек кога седи, зборува и не се знае кога ќе си замине.“
5. „Запознај се себеси’ – тоа е добар и корисен совет. Штета што никој не појаснува како се применува.“
6. „Добар човек чувствува срам дури и пред куче.“
7. „Животот, всушност, е многу едноставна работа, а човекот треба да вложи многу напор за да го уништи.“
8. „Љубовта дава крилја, но исто така ги скратува.“
9. „Здравиот човек има илјада желби, болниот само една.“

10. „Човек целиот живот живее, целиот век учи, но само несреќата ќе го научи.“
11. „Не можете да побарате од калта да не биде кал.“
12. „Вториот дел од животот кај паметниот човек се состои во ослободување од лудост и предрасуди и погрешни мислења што ги стекнал во првиот дел од животот.“
















