[ВИДЕО] Денис споделил производи од американски супермаркет што кај нас не постојат и луѓето се згрозени: „Не би го зел тоа и бесплатно да ми го дадат“

Точка

27/01/2026

18:42

977

Големина на фонт

а а а

Денис од Хрватска споделил интересни „откритија“ од американски супермаркет – работи што веројатно само таму можат да „поминат“.

Денис Латиновиќ од Њујорк објавил неколку снимки, а во последната претставил „работи што може да се купат само во Америка“, што особено ги заинтригирало неговите следбеници.

Од една страна затоа што станува збор за производи кои навистина ги нема на нашиот пазар, а од друга – затоа што воопшто не изгледаат како нешто што би требало да се јаде, особено не во тие количини …

Меѓу нив се: сирење во спреј; „здрав појадок“ за деца во кутија – составен главно од грицки; гумени бонбони против стрес, за спиење, за енергија; енергетски пијалак во лименка од над половина литар; спреј за пуканки, пченкарно масло…


„Само здраво“ – се пошегувал тој под оваа снимка, а следбениците коментирале дека овие „специјалитети“ не би ги пробале дури и да им ги дадат бесплатно.

„Тешко ѓубре од храна, не купувај ништо од тоа ако сакаш да живееш здрав и долг живот“; „Отров, отров, отров“; „Само во Америка“; „И речиси секоја американска храна е законски забранета во ЕУ“; „Не би го зел тоа и бесплатно да ми го дадат, а камоли пари да давам“ се дел од коментарите.

А вие, дали би пробале нешто од „понуденото“?