Девојка која патува низ светот го откри својот уникатен пристап за максимално искористување на секое патување, таа има „привремено момче“ во секоја земја.
Орсолја Лоринц патува низ светот сама, но секогаш се осигурува дека има партнер со кого ќе поминува време на секоја егзотична локација. Младата девојка од Романија ја напуштила својата корпоративна работа за да го оствари својот сон, а нејзиниот метод вклучува средба со локални мажи кои потоа ѝ ги покажуваат знаменитостите и ѝ плаќаат за прошетките, пишува „Мирор“.
Врски што траат една недела
Орсолја ги документира своите авантури со „привремените момчиња“ на социјалните мрежи, а краткорочните врски обично траат околу седум дена. Таа користи апликации за запознавање за да пронајде локални мажи кои можат да ѝ ги покажат знаменитостите на градот.
„Обично трае една недела, во зависност од тоа колку долго сум во нивната земја. Се поврзувам преку апликациите и прилично брзо наоѓам локален маж кој е добар избор да биде привремено момче“, објаснила таа.
Таа исто така открила што прават заедно: „Тој ме води низ градот, готви појадок, плаќа за пијалаци и храна, а понекогаш и преспивам кај него ако се сложуваме навистина добро.“
Бесплатни оброци и уникатно искуство
Орсолја одлучила да патува низ светот и во 2016 година го остварила својот сон. Таа го прода ластанот и патувала со своите заштеди. Идејата за краткорочни врски ја добила откако видела инфлуенсер на интернет кој правел нешто слично.
„Тоа е само привремено момче за дружење и правење работи заедно. Не ги користам за бесплатни патувања, повеќе за бесплатни оброци и како туристички водичи. Тие плаќаат за храна и пијалаци и се мои бесплатни туристички водичи, а понекогаш ме водат на еднодневни патувања со нивните автомобили“, објаснила таа.
Покрај заштедата на пари, овој пристап ѝ овозможува да ја доживее секоја земја на поуникатен начин и подобро да ги запознае различните култури и начини на живот. „Кога познавате локален жител, тие можат да ви покажат работи што туристичките оператори не можат, како што се скриени места или обичаи. Тоа ви помага да ја доживеете земјата на поуникатен начин“, вели таа.
Отворена е за постојан партнер, но под еден услов
Орсолја во моментов нема долгорочен план и „само ужива во животот“, но е отворена за идејата да си најде партнер – под услов тој да сака да патува низ светот колку што сака и таа. Дотогаш, таа е среќна да продолжи со своите привремени момчиња.
„Предноста е што имам слобода да доаѓам и да си одам од земјата кога сакам и не морам секогаш да се координирам со мојот партнер. Но, никогаш не сум сретнала маж кој бил во повеќе земји од мене или кој е подготвен за ваков живот, каде што многу патувате“, рекла таа.
„Секако, идеално би било да најдам постојана работа и партнер. Но, додека тоа не се случи, среќна сум да запознавам мажи од различни култури за да ги истражувам нивните земји подлабоко“, заклучила таа.










