[ФОТО/ВИДЕО] Оваа фотографија стана хит: Погледнете кого Трамп држел за рака

Точка

29/01/2026

14:32

1.593

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со необичен потег за време на говорот на самитот „Trump Accounts Summit“ во Вашингтон.

Среде обраќањето ја изненадил публиката кога на сцената ја повикал раперката Ники Минаж, при што ја нарекол „најголемата и најуспешната женска раперка во историјата“.


Минаж седела во првиот ред, облечена во впечатлив бел крзнен капут и жолт фустан, а особено внимание привлекле нејзините исклучително долги нокти. Трамп го прекинал говорот, се пошегувал на нивна сметка и рекол дека една од неговите ќерки била љубоморна што Минаж е во публиката.

„Реков дека ќе ги пуштам ноктите да ми пораснат, затоа што ги обожавам“, се пошегувал претседателот, по што ја повикал на сцената.


Двајцата притоа се држеле за раце, а снимките од тој момент брзо станале вирални на социјалните мрежи, со бројни коментари за „опасно долгите“ нокти на раперката и за рацете на Трамп.

Ники Минаж: „Веројатно сум најголемиот обожавател на Трамп“

Ники Минаж по тој повод јавно ја изразила својата силна поддршка за Трамп. „Ќе кажам дека веројатно сум најголемиот обожавател на претседателот и тоа нема да се промени. Омразата и коментарите на луѓето не ме погодуваат – напротив, ме мотивираат уште повеќе да го поддржувам“, изјавила Минаж, пренесе „Telegraph“.

Раперката додала дека нема да дозволи противниците „да поминат неказнето со малтретирање и кампањи на оцрнување“, заклучувајќи: „Има голема сила зад себе, а Бог го штити. Амин“.

Минаж, исто така, најавила донација од 150.000 до 300.000 долари за финансирање на програмата „Trump Accounts“, нова иницијатива на федералната влада што предвидува почетен влог од 1.000 долари на инвестициски сметки за деца родени меѓу 2025 и 2028 година, со цел да се поттикне рано создавање богатство.

Ова не е првпат Ники Минаж јавно да покаже поддршка за Доналд Трамп. Во последниве години значително ги променила своите политички ставови — од претходни критики за неговата имиграциска политика до отворено фалење на неговото лидерство. Трамп ѝ возвратил со пофалби, а нивното заедничко појавување и шегата за ноктите продолжуваат да кружат на социјалните мрежи.