[ФОТО] Кружат приказни дека Миа Калифа и Роуан Аткинсон се во врска: Се огласи поранешната 18+ актерка

Точка

23/01/2026

21:22

2.298

Големина на фонт

а а а

Поранешната порно актерка Миа Калифа ги демантираше приказните дека е во врска со актерот Роуан Аткинсон, попознат како Мистер Бин.

Таа реагираше откако на социјалните мрежи се проширија лажни фотографии, најверојатно направени со помош на вештачка интелигенција, поради што многумина поверуваа дека тие двајца се пар.

Почеток на гласините

Приказната започна минатата недела, кога сатиричен профил на „Инстаграм“ објави тврдење дека Калифа и Аткинсон се во врска уште од минатата година. Објавата, која набргу стана вирална, беше проследена со лажна фотографија од парот на јахта и спомнување на „неименувани извори“. Иако сè било замислено како шега, многумина во коментари поверувале во тоа или напишале дека би сакале да е вистина.


Потоа други профили, најмногу на „X“, почнаа да ја шират објавата како да станува збор за вистинска вест, заедно со уште лажни фотографии на кои наводно се гледа како парот пие шампањ на јахта.


На „X“, 33-годишната Калифа ги коментираше фотографиите на кои наводно се гледа како со 71-годишниот британски комичар одмара во Франција. „Луѓе, излегувам со будала, но тоа не е Мистер Бин“, напиша Калифа, која не сака јавно да зборува за својата сегашна врска.

Со кого всушност се во врска?

Роуан Аткинсон од 2013 година е во врска со Луиз Форд, со која има дете. Од претходниот брак со Сунетра Састри има две деца. Аткинсон не се огласи по повод ширењето на лажните фотографии.

Миа Калифа, пак, не откри кој е нејзиниот актуелен партнер. Претходно беше во врска со порториканскиот рапер Џејко и шведскиот готвач Роберт Сандберг, а од 2011 до 2016 година беше во брак со љубовта од средно училиште.